Од опозицијата велат дека претресот е задоцнет и поминало многу време за да се заташкаат докази и да се влијае врз сведоци
Додека се чешла фирмата за случајот со софтверот, Рашковски си продолжи со работа во Владата на Заев по завршениот одмор во Мексико, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се правеа претреси на три локации во врска со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.
„Рашковски треба да е во притвор зошто може да го повтори делото. Јавноста ниту виде резултат од истрагата, иако случајот во јавноста се отвори пред речиси еден месец. Токму толку и требаше на Русковска и на обвинителството да покажат некаква активност, време доволно да се заташкаат докази, документи и да се влијае врз сведоци. Рашковски како и во случајот со скандалот Леонардо, како и во случајот со скандалот Сархемс останува заштитен од страна на спрегата власт-обвинителство-судство, иако се работи за скандали кои се врзуваат во низа и тежат милиони“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетувајќи на случајот со софтверот, опозицијата нагласува дека ако тоа не е основно сомнение за злоупотреба на службената положба и нерационално трошење на народни пари, тогаш нема друг пример.
„Ова логично не тера да се сомневаме дека Русковска преку невешти, задоцнети процеси, се става во улога на заштитник и забошотувач на криминалите на власта на Заев“,
реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Освен во седиштето на „Инвока гроуп“, претреси денеска се вршеа на уште две адреси на физички лица.
Пред еден месец, „360 степени“ објави за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што Рашковски го купил од „Инвока гроуп“, наводно за потребите на Министерството за внатрешни работи, иако оттаму тврдат дека ниту знаеле за набавката ниту, пак, планираат да го користат. „360 степени“ откри и дека токму Рашковски е сопственик на патент за сличен систем, а во низата стории на оваа тема објавивме и други спорни околности околу овој случај.
*Сите вести поврзани со ова може да ги прочитате на следниве линкови:
Што сè (не) кажа Владата за софтверот кој го купил Рашковски
(ВИДЕО) Рашковски прво го платил софтверот, па дури потоа го тестирал
Асоцијацијата на пронаоѓачи го разголи Рашковски: Софтверот е негов
Поповиќ: Каков дополнителен доказ треба да прикаже „360 степени“ за Рашковски да биде сменет?
Рашковски за „Фокус“ самиот потврди дека е во Мексико
Русковска: Ако ниту еден орган не преземе дејствија за Рашковски, тоа ќе го сториме ние
Обвинителството отвори предистрага за софтверот на Рашковски
Рашковски за предистрагата на ОЈО: Само преку институциите ќе се дознае вистината
Рашковски ги кани Чулев и ВМРО-ДПМНЕ на дуел откако ќе се врати од Мексико
Чулев не сака да дебатира со Рашковски, стои на располагање да сведочи во обвинителството
ВМРО-ДПМНЕ го прифати предизвикот од Рашковски за дуел: Го праќа портпаролот Стоилковски
(ВИДЕО) 360° во потрага по „Инвока гроуп“ – одете си, ќе викнам полиција!
Заев: Софтверот за сообраќајни прекршоци е купен регуларно и ќе биде ставен во функција
Вицепремиерот Николовски не бара разрешување на Рашковски оти за него не важел етичкиот кодекс
