Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови од оваа седмица се очекува да преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а наместа ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните ќе се движат во границите на просекот за овој период од годината
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од каде што најавуваат и слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 18 до 26 степени. Најсвежо во текот на денот ќе биде во Маврово и во Берово, а највисоката дневна температура се очекува да биде измерена во Гевгелија.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи со 25 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови од оваа седмица се очекува да преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а наместа ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува претежно од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните ќе се движат во границите на просекот за овој период од годината.
