Вовед
Ви благодариме што ја посетивте веб-страницaта на „360 степени“.
Со оваа политика за приватност сакаме да Ве известиме дека при посета на https://360stepeni.mk не ги обработуваме Вашите лични податоци, освен доколку Вие лично не ни ги доставите преку нашата контакт-форма или преку е-пошта. Информациите што 360stepeni.mk автоматски ги собира не можат да Ве идентификуваат.
Видови податоци што се собираат:
Лични податоци (со согласност)
Доколку се одлучите да ни испратите порака преку нашата веб-страница, имате предлог за сторија, располагате со докази за незаконско постапување или сакате да коментирате некоја од веќе објавените содржини, и го направите тоа преку нашата контакт-форма, може да Ве замолиме да ни дадете одредени лични податоци со кои може да се утврди Вашиот идентитет и може да се искористат за да Ве контактираме. Информациите за лична идентификација може да вклучуваат, но не се ограничени на:
- Електронска адреса
- Име и презиме
- Телефонски број
- Адреса, град, држава
- Колачиња и други автоматски собрани податоци (како на пример, колку долго сте се задржале на одредена сторија на нашата веб-страница итн.)
Доколку одлучите да го направите тоа анонимно, ќе ја почитуваме Вашата одлука.
Автоматски собрани податоци
Овие автоматски собрани податоци може да содржат информации како што се ИП-адресата, видот на прелистувачот, верзијата на прелистувачот, страниците на нашата веб-страница, времето и датумот на вашата посета, времето поминато на тие страници, оперативниот систем на уредот од кој пристапувате, уникатните идентификатори на уредот и други дијагностички податоци.
Податоци за локација (автоматски, доколку е вклучен системот за локација на вашиот уред)
Може да собираме и да чуваме информации за вашата локација (доколку на уредот е овозможено тоа).
Ние ги користиме овие податоци за да обезбедиме функционалност на веб-страницата и за да ги подобриме и да ги приспособиме нашите услуги.
Можете да ги активирате или да ги оневозможите податоците за локација кога ја посетувате нашата веб- страница во кое било време преку поставките на вашиот уред.
Политика за колачиња (Cookies)
Колачиња (Cookies)
Користиме колачиња (Cookies) за да ги персонализираме содржините, да ги подобриме услугите, да анализираме сообраќај што минува низ нашата веб-страница. Исто така, споделуваме информации за употребата на нашата веб-страница со социјални мрежи, со рекламни и аналитички партнери, кои може да се комбинираат со други информации што вие ги имате обезбедено или можеби се собрани од вашата употреба на нивните услуги.
Колачињата се мали текстуални датотеки што можат да се употребуваат од страна на веб-страници за корисничкото искуство да се направи поефикасно.
Законот дозволува да складираме колачиња во Вашиот уред доколку се строго неопходни за функционирање на нашата веб-страница. За сите други типови колачиња, потребна ни е вашата дозвола.
360stepeni.mk употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси, а се појавуваат и на нашата веб-страница.
Категории колачиња (Cookies)
- Неопходни
Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата и пристап до безбедни делови на веб-страницата. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно. - Претпочитани
Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомни информациите што го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример, Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате. - Статистички
Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб-страници да сфатат на кој начин посетителите комуницираат со веб-страниците преку анонимно собирање и обработување информации. - Маркетиншки
Маркетиншките колачиња се употребуваат за следење на посетителите низ веб-страниците. Намерата е да се прикажат реклами што се релевантни и привлечни за поединечниот корисник и според тоа повредни за издавачите и огласувачите. - Некласификувани
Некласификуваните колачиња се оние што во моментот се обидуваме да ги класификуваме заедно со провајдерите на индивидуални колачиња.
Колачиња што моментално се користат на https://360stepeni.mk
Во зависност од поставките на вашиот интернет-прелистувач, колачињата може да се прифатат автоматски. Ако не се согласувате со нивната употреба, можете лесно да ги избришете и/или трајно да ги оневозможите колачињата на вашиот компјутер или мобилен уред, во секое време, користејќи ги поставките на прелистувачот што го користите.
За повеќе информации за управувањето со колачиња, посетете ги страниците за помош на прелистувачот што го користите.
Имајте предвид дека целта на колачињата е да ја подобрат и да ја овозможат употребата на нашата веб-страница, а со спречување или бришење колачиња може да го оневозможите нејзиното функционирање или да предизвикате поинаква работа и изглед во вашиот прелистувач.
Права и обврски
Секој посетител на веб-страницата на „360 степени“, доколку ги оставил (впишал) своите податоци преку контакт-формата, има загарантирано право на заштита на личните податоци и обврска да ја пријави секоја употреба или злоупотреба на податоците без согласност на сопственикот, да ја пријави секоја нивна манипулација и да побара измена доколку податоците се неточни или бришење на податоците од базата на обработувачот. Ова е опишано во регулативата GDPR во Chapter III (Articles 14-25) of Regulation (EU) 2018/1725 и во Законот за заштита на личните податоци „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 42/2020).
Законот за заштита на личните податоци забранува обелоденување записи како ЕДБМ, број на лична карта или пасош, адреса на живеење и/или телефонски број без писмено одобрение од поединецот (лицата) на кои тие се однесуваат
Објавување лични податоци
Под одредени околности, од нас може да биде потребно да ги обелодениме Вашите лични податоци доколку тоа биде побарано врз законска основа или во судски процес.
Прифаќање на условите
Со континуирано користење на оваа страница ќе сметаме дека се согласувате со одредбите на политиката за приватност.
Оваа политика на приватност стапува во сила на 30 март 2021. Доколку има промени во политиката на приватност, тие ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на „360 Степени“ најмалку 30 дена пред да стапат во сила.