Откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка за набавката на софтверот што го го купил Драги Рашковски од позиција на генерален секретар на Владата, се огласи и самиот тој.
Рашковски во кратка изјава за Сител вели дека единствениот начин е вистината да се дознае преку институциите.
„Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите. Така што, треба да ги оставиме да ја вршат надлежноста“,
изјави Рашковски.
„360 степени“ пред десетина дена ја објави првата сторија поврзана со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра, кој Рашковски го набавил за потребите на Министерството за внатрешни работи, а оттаму велат дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им треба.
Подоцна, „360 степени“ откри дека токму Рашковски е автор на таков сличен софтвер, а во третата од низата стории на оваа тема објавени се нови спорни околности околу овој случај.
Денеска од Обвинителството за гонење на организиран криминал информираа дека отвориле предмет за набавната на софтверот, а информираа дека и Министерството за внатрешни работи до нив доставило известување во врска со нивното постапување во случајот.
*Сите вести поврзани со ова може да ги прочитате на следниве линкови:
(ВИДЕО) Рашковски прво го платил софтверот, па дури потоа го тестирал
Асоцијацијата на пронаоѓачи го разголи Рашковски: Софтверот е негов
Поповиќ: Каков дополнителен доказ треба да прикаже „360 степени“ за Рашковски да биде сменет?
Рашковски за „Фокус“ самиот потврди дека е во Мексико
Русковска: Ако ниту еден орган не преземе дејствија за Рашковски, тоа ќе го сториме ние
Обвинителството отвори предистрага за софтверот на Рашковски