Фотографијата е направена за време на неодамнешната посета на Мицкоски САД, каде што учествуваше на 81. Генерално собрание на Обединетите нации
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на Фејсбук објави фотографија на која тој и неговата сопруга Рози Мицкоска се фотографирани со претседателот на САД, Доналд Трамп. Фотографијата е направена за време на неодамнешната посета на Мицкоски САД, каде што учествуваше на 81. Генерално собрание на Обединетите нации.

Во описот на фотографијата, Мицкоски кусо напиша:
„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство.“
Како што јавува МИА, фотографијата на премиерот и неговата сопруга со Доналд Трамп е од традиционалниот прием на шефови на држави и влади организиран од американскиот претседател за време на Генералното собрание на ОН. Настанот се одржал во хотелот „Лот палас“ во Њујорк и бил затворен за медиумите.
