Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница го повтори тврдењето дека софтверот за сообраќајни прекршоци набавен од Генералниот секретаријат на Владата во времето на Драги Рашковски е набавен низ регуларна процедура.
„Во врска со софтверот, Јавното обвинителство и Антикорупциска комисија се обратија до Владата, службите имаат наредба да постапката со сите информации, процедури и постапки за целата оваа набавка. Софтверот е набавен низ регуларна јавна набавка, авторските права се во целосна сопственост на Владата и за тестирањето е известено Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Генералниот секретаријат има право да прави анализи и да ги доставува до министерствата“,
рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање на Александар Велјаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев ги повика истражните органи да го расветлат случајот до крај. Тој тврди дека не е прекршена процедурата за јавни набавки и не бил констатиран судир на интереси, како и дека системот ќе се стави во функција по усогласување на законските и подзаконските акти. Сепак, не е јасно кој, како, и кога ќе го користи, бидејќи Министерството за внатрешни работи се огради од набавката и рече дека подготвува свој проект за изрекување на казни преку видеонадзор.
„360 Степени“ во неколку наврати побара одговор од Владата зошто е купен софтвер, кој никој ниту го барал ниту го користи, но конкретен одговор не добивме.
Заев денеска го коментираше случајот откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, праша дали ќе се бара одговорност од Рашковски чие име е вмешано во неколку скандали од кои последниот е токму за софтверот.
„Јавно од оваа говорница повикувам до крај да се соопштат сите детали од истрагата на јавното обвинителство и на Антикорупциска за оваа јавна набавка за која со Буџетот беа предвидени 8 милиони денари, а набавката е направена за 5 милиони денари“,
повика денеска премиерот.
„360 степени“ пред речиси 20 дена ја објави првата сторија поврзана со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра.
Подоцна, „360 степени“ откри дека токму Рашковски е автор на таков сличен софтвер, а во третата од низата стории на оваа тема објавени се нови спорни околности околу овој случај.
*Сите вести поврзани со ова може да ги прочитате на следниве линкови:
Што сè (не) кажа Владата за софтверот кој го купил Рашковски
(ВИДЕО) Рашковски прво го платил софтверот, па дури потоа го тестирал
Асоцијацијата на пронаоѓачи го разголи Рашковски: Софтверот е негов
Поповиќ: Каков дополнителен доказ треба да прикаже „360 степени“ за Рашковски да биде сменет?
Рашковски за „Фокус“ самиот потврди дека е во Мексико
Русковска: Ако ниту еден орган не преземе дејствија за Рашковски, тоа ќе го сториме ние
Обвинителството отвори предистрага за софтверот на Рашковски
Рашковски за предистрагата на ОЈО: Само преку институциите ќе се дознае вистината
Рашковски ги кани Чулев и ВМРО-ДПМНЕ на дуел откако ќе се врати од Мексико
Чулев не сака да дебатира со Рашковски, стои на располагање да сведочи во обвинителството
ВМРО-ДПМНЕ го прифати предизвикот од Рашковски за дуел: Го праќа портпаролот Стоилковски