Министерот вели дека во МВР правеле анализи кои покажале дека со софтвер за контрола на сообраќајот се исклучува човековиот фактор и таквите информации се подновени, сега треба да се обратат до Владата и да се распише јавна набавка. На прашање дали тоа значи дека нема да му се признае на Рашковски софтверот што го набавил, Спасовски рече дека тој не е тука да признава нешто или не
МВР нема барање за набавка на софтверот, не било информирано, ниту пак софтверот e преземан во МВР, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци од Генералниот секретаријат на Владата во времето на Драги Рашковски.
„Сакате да кажете дека ништо не знаете за тоа што го направил Рашковски?“,
праша водителот.
„Да“, одговори Спасовски.
Тој вели дека во рамките на МВР работна група правела анализи и се утврдило дека со софтвер за сообраќајни прекршоци ќе се елиминира човечкиот фактор и затоа сега сакаат надградба на системот „Безбеден град“ или нов систем за да се користи за таа намена.
„Во рамките на МВР работеше работна група направивме анализи за ставање во функција на Safe City и притоа целосно да биде дигитализиран. Камерите се во функција, и тие се набавени уште од времето на Груевски и Мијалков, меѓутоа концептот во тој момент не бил концепт за сообраќајни прекршоци, тие камери биле користени од Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање. Сега ги користи и Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање. Ние сега сакаме да имаме надградба или нов систем којшто ќе овозможи и сообраќајна контрола, да го исклучиме човечкиот фактор во контролирањето на сообраќајот. Анализите кои ги правиме од околните држави и од ЕУ, покажуваат дека најдобри резултати се даваат кога го исклучувате човечкиот фактор и едноставно се оди преку електронскиот систем. Во тој дел е подготвено сè“,
рече Спасовски.
Министерот рече дека со информација треба да се обратат до Влада и потоа да се спроведе јавна набавка, а на прашање дали тоа значи дека нема да му се признае на Рашковски софтверот што го набавил, Спасовски рече дека тој не е тука да признава нешто или не
„Јас не сум тука да признавам нешто или да не признавам. Јас укажувам само на факти во однос на набавката. Ако Генералниот секретаријат проценил дека имале потреба од таква набавка на таков софтвер, тоа е нешто за што ќе мора да кажат кои се аргументациите. Меѓутоа, МВР прави анализа и подготвува набавка на цел систем којшто ќе значи контрола на сообраќајот“,
вели Спасовски.
*Сите вести поврзани со ова може да ги прочитате на следниве линкови:
Што сè (не) кажа Владата за софтверот кој го купил Рашковски
(ВИДЕО) Рашковски прво го платил софтверот, па дури потоа го тестирал
Асоцијацијата на пронаоѓачи го разголи Рашковски: Софтверот е негов
Поповиќ: Каков дополнителен доказ треба да прикаже „360 степени“ за Рашковски да биде сменет?
Рашковски за „Фокус“ самиот потврди дека е во Мексико
Русковска: Ако ниту еден орган не преземе дејствија за Рашковски, тоа ќе го сториме ние
Обвинителството отвори предистрага за софтверот на Рашковски
Рашковски за предистрагата на ОЈО: Само преку институциите ќе се дознае вистината
Рашковски ги кани Чулев и ВМРО-ДПМНЕ на дуел откако ќе се врати од Мексико
Чулев не сака да дебатира со Рашковски, стои на располагање да сведочи во обвинителството
ВМРО-ДПМНЕ го прифати предизвикот од Рашковски за дуел: Го праќа портпаролот Стоилковски
(ВИДЕО) 360° во потрага по „Инвока гроуп“ – одете си, ќе викнам полиција!
Заев: Софтверот за сообраќајни прекршоци е купен регуларно и ќе биде ставен во функција
Вицепремиерот Николовски не бара разрешување на Рашковски оти за него не важел етичкиот кодекс