Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше герила-акција на Меѓународниот аеродром Скопје за дочек на поранешниот генерален секретар на Владата, а сега секретар во кабинетот на премиерот, Драги Рашковски, по повод неговото враќање од одмор од Мексико.
Со сомбрера, музика и транспарент на шпански јазик, активистите на УМС се појавија на паркингот пред аеродромот.
„За да не му дојде на Драги Рашковски нагло враќањето од Мексико, пречек со порака на шпански јазик, сомбрера и добра музика“,
напишаа од УМС.
Активистите објавија и видео, на кое се гледа дека на транспарентот е испишано: „Добре дојде, господине Рашко“ (Bienvenido senor Rashko).
Рашковски периодов е актуелен по набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во времето кога тој беше генерален секретар на Владата.
„360 степени“ пред околу еден месец ја објави првата сторија поврзана со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра.
Подоцна пишувавме и дека токму Рашковски е автор на таков сличен софтвер, а во третата од низата стории на оваа тема објавени се нови спорни околности околу овој случај.
Во меѓувреме, Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Антикорупциската комисија отворија постапки за случајот. Двете институции ќе проверуваат зошто Рашковски, како генерален секретар, распишал тендер за софтвер за изрекување казни за сообраќајни прекршоци без координација со Министерството за внатрешни работи (како единствено надлежна институција за изрекување казни за сообраќајни прекршоци) и каква е поврзаноста на Рашковски со тендерот, со оглед на тоа што во 2018 година патентирал слична идеја.
*Сите вести поврзани со ова може да ги прочитате на следниве линкови:
Што сè (не) кажа Владата за софтверот кој го купил Рашковски
(ВИДЕО) Рашковски прво го платил софтверот, па дури потоа го тестирал
Асоцијацијата на пронаоѓачи го разголи Рашковски: Софтверот е негов
Поповиќ: Каков дополнителен доказ треба да прикаже „360 степени“ за Рашковски да биде сменет?
Рашковски за „Фокус“ самиот потврди дека е во Мексико
Русковска: Ако ниту еден орган не преземе дејствија за Рашковски, тоа ќе го сториме ние
Обвинителството отвори предистрага за софтверот на Рашковски
Рашковски за предистрагата на ОЈО: Само преку институциите ќе се дознае вистината
Рашковски ги кани Чулев и ВМРО-ДПМНЕ на дуел откако ќе се врати од Мексико
Чулев не сака да дебатира со Рашковски, стои на располагање да сведочи во обвинителството
ВМРО-ДПМНЕ го прифати предизвикот од Рашковски за дуел: Го праќа портпаролот Стоилковски
(ВИДЕО) 360° во потрага по „Инвока гроуп“ – одете си, ќе викнам полиција!
Заев: Софтверот за сообраќајни прекршоци е купен регуларно и ќе биде ставен во функција
Вицепремиерот Николовски не бара разрешување на Рашковски оти за него не важел етичкиот кодекс