Поранешниот висок функционер во СДСМ, а сега дел од платформата „Разговори за иднината во 12:05“, ова го кажа во вечерашното гостување во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, прашан на што го темели тврдењето дека има премолчен или „подземен“ договор меѓу власта и лидерот на Социјалдемократите, Венко Филипче, чија смена, покрај другите реформи во партијата, ја бараат членовите на платформата
На прашањето што го натерало после извесно време, условно кажано, да се ангажира во политиката, тој рече дека тоа биле целокупниот систем, атмосферата на безнадежност и апатијата што владее меѓу граѓаните кои немаат кому да му ја дадат довербата, бидејќи сметаат дека власта и опозицијата се две страни на иста паричка
Јас ниту сум обвинител ниту сум суд, но имам право како граѓанин да констатирам дека покрај сите очекувања и барања за борба против криминалот и корупцијата ние во државата тоа не го гледаме – и за едната и за другата страна. Ова го кажа универзитетскиот професор и поранешен висок функционер во СДСМ, а сега дел од платформата „Разговори за иднината во 12:05“, Игор Ивановски, во вечерашното гостување во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, прашан на што го темели тврдењето дека има премолчен или „подземен“ договор меѓу власта и лидерот на Социјалдемократите, Венко Филипче, чија смена, покрај другите реформи во партијата, ја бараат членовите на платформата.

Одговарајќи на прашањето, Ивановски го спомена поранешниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Васко Ковачевски, по кого се трага со меѓународна потерница како обвинет во случајот „Адитив“. Нарекувајќи го актуелното раководство на СДСМ, фракција во партијата, Ивановски во овој контекст праша зошто тоа не го повикало Ковачевски да се врати и да одговара пред надлежните органи во државата.
„Јас бев доволно гласен заради интегритетот, чесноста и директноста да се исправат работите и јавно прашав зошто раководството во вид на фракција не го повика, како еден пример, Васко Ковачевски, по кого има потерница да се врати во државата и да одговара пред органите на оваа држава, па можеби тогаш ќе се разберат некои други работи или пак…“,
рече Ивановски.
На дополнителни прашања да ја образложи подетално тезата дека Филипче купува слобода, односно за кого и зошто го прави тоа, членот на платформата рече оти тоа не го го кажува експлицитно или ексклузивно за Филипче, туку дека има голем број истраги, предистраги и друг вид информации за многу луѓе кои не се процесираат.
„Тоа значи дека оваа влада, која дојде со масовна поддршка на граѓаните и нејзина обврска е да ја оправда, дека ќе има борба против криминалот и против корупцијата на претходната влада, со конкретни случаи. Но, ништо не се случува. Јас случаи нема да третирам, јас сум економист, професор по економија, но ги знам и случаите и вам ви се добро познати, но она што е факт е како. Па, еве, со држење на ова ниво на партијата, на СДСМ, со спречување на креирање опозициски фронт, со сатанизирање и дискредитирање на нас кои сме опозиционери. Па, тие да потрошеа 10 отсто од енергијата за напади што ја употребија кон нас за напади кон ВМРО-ДПМНЕ, можеби партијата (СДСМ) ќе имаше повеќе ќар“,
изјави Ивановски.
На инсистирањето на новинарот дека кога зборува дека Филипче си ја купува слободата со тоа што го држи СДСМ во оваа состојба има обврска да каже зошто го прави тоа, односно што е тоа што е надвиснато над главата на Филипче, Ивановски рече дека за тоа треба да го праша претседателот на СДСМ кога ќе го повика во емисија.
Велејќи дека говори за политики, Ивановски рече дека актуелното раководство на СДСМ не побарало промена на Кривичниот законик за зголемување на казнените одредби и мораториум за застарување на обвиненијата.
„На пример, треба ли да се извини пред граѓаните и да побара промена на Кривичниот законик, со барање не на реституирање на претходните нивоа на казнивост, туку да ги зголеми, да ги направи посилни. Дали тоа го направи СДСМ? Не. Дали е потребно, кога веќе тоа е факт во очите на граѓаните, и јас немам товар на докажување извинете, јас настапувам од позиција на надворешна јавност, дали треба да побарате незастарување на обвиненијата, јас не судам некого, тоа треба да го направат институциите, но тоа не го прават, но како политичка порака требаше и сè уште треба, и ние тоа ќе го предложиме, ние треба да го качиме нивото на системот за казнивост на криминалот и корупцијата кои ни ја уништуваат државата. И тоа една од доминантните причини за отсуство на надеж и бегство на младите од оваа држава Власта велеше немаме обвинител, еве сега го има обвинителот, сега што ја спречува власта да ги санкционира овие процеси. Каде е опозицијата да бара зајакнување на оваа битка, ако тоа и е товар или камен околу вратот. Не го прави тоа. Па што е тогаш политичката сцена во државата“,
изјави Ивановски.
На прашањето што го натерало по извесно време, условно кажано, да се ангажира во политиката, тој рече дека тоа биле целокупниот систем, атмосферата на безнадежност и апатијата што владее меѓу граѓаните кои немаат кому да му ја дадат довербата, бидејќи сметаат дека власта и опозицијата се две страни на иста паричка.
„Нема промена, ете тоа ме врати“,
рече Ивановски.
Претходно во текот на интервјуто тој рече дека СДСМ станала заробена партија со промените во Статутот во времето додека лидер беше Зоран Заев. Со тој статут, како што наведе Ивановски, многу тешко може да се бара одговорност за грешките во водењето на партијата.
Запрашан дали чувствува одговорност за своите политики кога имаше функции во СДСМ, како што сега бара од актуелното раководство на партијата, Ивановски кажа дека чувствува одговорност и не бега од неа.
„Во 2013 година, кога се избра Зоран Заев, јас не бев понатаму член на органите на партијата. Со изборот на Владата по ‘Шарената револуција’, не бев ниту пратеник ниту во извршната власт. Меѓутоа, во 2020 година бев повикан и учествував во пишувањето во најголем на програмата со кој СДСМ тогаш победи. Во 2024 година, да, јас учествував во пишувањето на програма со голем тим на партијата и тоа не го негирам. Јас чувствувам одговорност сега затоа што тогаш не успеав да бидам доволно гласен и со дел од луѓето да го спречам носењето на тие погрешни политики во кои дел од сегашните, мало раководство, фракција, што ја велам, директно учествуваа. Во 2024 година не бев кандидат на изборна листа, беше сегашниот претседател во изборна единица број четири, и сега тој не е одговорен, јас сум одговорен? Јас бев против ужасните промени на Кривичниот законик со коишто СДСМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и другите во парламентот овозможија не да се санкционираат случаите на висок криминал и корупција, туку напротив да се намалат. Бев против зголемувањето на платите на избраните и именуваните функционери. Јас сум подготвен да ја анализирам мојата работа, ја прифаќам мојата одговорност, како и сите мои колеги од платформата“,
рече Ивановски.
