Во врска со случајот со купопродажба на земјиште за потребите на ЕВН Електрани по цени многукратно повисоки од пазарните и информациите во јавноста дека најголем дел од инволвираните имаат врски со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Христијан Мицкоски, во интервју за „360 степени“ на ТВ Алсат, ги повика надлежните органи да го истражат овој случај до крај, негирајќи дека се вмешани луѓе од неговата околина.
„Јас ја охрабрив јавноста, Обвинителството и сите други органи на гонење до детали да го истражат овој случај и секој оној кој се огрешил пред законот да одговара. Меѓутоа, во тие фирми коишто работат со ЕВН Електрани да не наидеме на фирма, во којашто порано бил сопственик сегашниот премиер. Во луѓето кои ги продавале парцелите да не најдеме повеќе луѓе блиски на СДСМ, па тогаш да биде поинаку свртена приказната. Истражете кој го снабдува ЕВН Електрани со опремата која ја инсталираат како фотоволтаични централи во Македонија и со кои компании имаат склучено договор“,
рече Мицкоски.
Тој порача и дека доколку биде утврдено кривично дело, тоа веднаш треба да биде процесуирано.
„Проверете дали луѓе кои работеле со тоа се блиски до ВМРО-ДПМНЕ или до СДСМ. Слободно ги охрабрувам сите да го истражат случајот и да излезат со јасен став во јавноста, да не излезе како со теретаната кога се извинуваа или со многу други случаи. Јас сум навикнат да сум таргетиран со лаги кои произлегуваат од СДСМ. Ако има кривично дело, веднаш да биде процесуирано. Се оди чекор понатаму и се вели и дека член од моето обезбедување бил вмешан во случајот, што е апсолутна лага“,
рече Мицкоски.
*Повеќе вести од интервјуто на Мицкоски за 360°:
Мицкоски одговара зошто бара избори иако штотуку добивме нова влада
Мицкоски: Владата на Ковачевски нема да направи ништо подобро од последната на Заев
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште двајца потпретседатели
Мицкоски: Задоволен сум од досегашната работа на градоначалничката Арсовска
Мицкоски со предлог: Да го намалиме бројот на пратеници на 90 и да зборуваме за една изборна единица
Мицкоски: Подготвени сме да разговараме за праг под три отсто при една изборна единица