На констатацијата на новинарот дека ова значи оти се против една изборна единица без праг, какво што е барањето на поднесувачите на иницијативата, Мицкоски одговори дека не рекол такво нешто
ВМРО-ДПМНЕ е отворена да разговара за тоа колкав треба да биде изборниот праг при евентуално воведување една изборна единица, рече лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.
Тој вели дека Советот на Европа е јасен околу изборниот праг кој, според тие стандарди, треба да биде до три отсто, но истакна дека неговата партија е отворена за дискусија и анализа.
„Ние велиме – ајде да дискутираме и да направиме компаративна анализа, да видиме зошто, на пример, во Германија има пет отсто изборен праг, да видиме дали сме ние можеби покреативни и попаметни од Германците. И да ставиме на хартија, да видиме зошто и во соседна Бугарија е 4 или 5 отсто изборниот праг. Советот на Европа е јасен, според нив, тој праг треба да биде до три отсто. Е сега ако го забележите парламентот во Германија ќе видите дека таму има четири до шест политички партии, а кај нас 14 до 16“,
рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потенцираше и дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара за изборен праг под три отсто, но и да дебатира со сите партии кои имаат друг став.
„Апсолутно сме подготвени да разговараме за изборен праг под три отсто. Од друга страна, подготвени сме да седнеме и да ги судриме аргументите со оние политички партии кои се за поголем изборен праг. Ние сме подготвени да разговараме апсолутно за се, немаме никаков проблем со тоа“,
нагласи Мицкоски.
На констатацијата на новинарот дека ова значи оти се против една изборна единица без праг, какво што е барањето на поднесувачите на иницијативата, Мицкоски одговори дека не рекол такво нешто.
*Повеќе вести од интервјуто на Мицкоски за 360°:
Мицкоски одговара зошто бара избори иако штотуку добивме нова влада
Мицкоски: Владата на Ковачевски нема да направи ништо подобро од последната на Заев
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште двајца потпретседатели
Мицкоски: Задоволен сум од досегашната работа на градоначалничката Арсовска
Мицкоски со предлог: Да го намалиме бројот на пратеници на 90 и да зборуваме за една изборна единица
Мицкоски за случајот со ЕВН Електрани: Да го истражат случајот и секој што се огрешил да одговара