Почетокот на расправата е закажан за 10 часот, а темата ќе биде „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет утре ќе се одржи надзорната расправа во врска со последните случувања во Алта банка АД Битола, која минатата недела беше иницирана од опозицискиот СДСМ.

Почетокот на расправата е закажан за 10 часот, а темата ќе биде „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.
Инаку, во првичното барање за надзорната расправа што СДСМ го поднесе до претседателката на матичната собраниска комисија Сања Лукаревска, беше наведена и формулацијата „за измамата на граѓаните“, на која се спротивставија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и побараа таа да биде тргната од насловот.
Од собраниската Комисија за финансирање и буџет ги поканија сите овластени претставници на Владата и на органите на државата управа, како и други лица кои ќе дадат информации за прашањето што е предмет на надзорната расправа, да присуствуваат на утрешната седница.
