„Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа во кое се застапени 61 држава членка, ќе обезбеди независна меѓународна експертска перспектива во оценувањето на предложеното законско решение. Нашата определба е јасна: законите да се темелат на Уставот, правото и европските стандарди, а решенијата да произлегуваат од правни аргументи и стручна анализа“, се наведува во соопштението од Министерството за правда
Инаку, решението што се предлага е усниот дел од правосудниот испит да се полага на македонски јазик, а писмениот на јазикот на кој се студира. Ова предизвика реакции кај дел од партнерите во Владата, конкретно кај ЗНАМ, чиј лидер во петокот (6 ноември) изјави дека неговата партија ќе ја напушти Владата доколку се прифати правосудниот испит да се полага на друг јазик освен македонскиот
Владата на денешната седница ја усвоилa потребата од добивање итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит. Како што информираа од Министерството за правда, со ваквиот чекор се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.

Според Правда, во рамките на постапката, известителите на Венецијанската комисија ќе остварат средби со претставници на релевантните институции, парламентарните политички партии, деканите на петте правни факултети и претставници на студентските организации.
Предвидени се, додаваат оттаму, и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелацискиот суд во Скопје и на усниот дел во Министерството за правда.
Предложениот модел, се вели во соопштението, предвидува единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди.
„Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа во кое се застапени 61 држава членка, ќе обезбеди независна меѓународна експертска перспектива во оценувањето на предложеното законско решение. Нашата определба е јасна: законите да се темелат на Уставот, правото и европските стандарди, а решенијата да произлегуваат од правни аргументи и стручна анализа“,
се наведува во соопштението од ресорното Министерство.
Темата за начинот на полагање на правосудниот испит доби нови димензии во политичкиот дискурс во државата, откако лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување во петокот (6 ноември) кажа дека неговата партија ќе ја напушти Владата доколку се прифати правосудниот испит да се полага на друг јазик освен македонскиот и дека ставовите на ЗНАМ по ова прашање му се познати на премиерот Христијан Мицкоски. Димитриевски најави дека на следниот состанок со премиерот ќе побара лидерска средба на која отворено би се разговарало и би се дефинирале црвените линии со коалициските партнери во однос на ова прашање и што тоа ќе значи за иднината на државата и за целокупниот правосуден систем.
Изјавата на Димитриевски го наметна прашањето за стабилноста на владината коалиција. Од опозицискиот СДСМ, во овој контекст, оценија дека темата со правосудниот испит се турка за да се создаде впечаток за наводен судир и тензија во владејачката коалиција, што би му дало алиби на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за предвремени парламентарни избори и истовремено да се избегне одговорност за случајот со Алта банка и празната државна каса.
Од Алијанса за Албанците лидерот на ЗНАМ го нарекоа „патриот на батерии“, наведувајќи дека прашањето за правосудниот испит му е потребно да го искористи во предизборната кампања за да си го поправи рејтингот, бидејќи знае дека ќе има предвремени парламентарни избори.
Инаку, решението што се предлага е усниот дел од правосудниот испит да се полага на македонски јазик, а писмениот на јазикот на кој се студира.

Одговарајќи на новинарско прашање дали на владина седница ќе се разгледува прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик, како и на реакциите на коалицискиот партнер ЗНАМ, премиерот Христијан Мицкоски вчера кажа дека нема да има барање и решение со кое испитот ќе се полага на албански јазик, туку решението што ќе биде доставено до Владата содржи два дела.
„Првиот ќе им овозможи на кандидатите делот поврзан со нивните додипломски студии да го полагаат на јазикот на кој го завршиле високото образование, доколку студирале на јазик различен од македонскиот, како што се албанскиот, турскиот или англискиот. Вториот дел, кој опфаќа симулација на судски процес од кривична или граѓанска постапка, ќе се полага на македонски јазик“,
рече Мицкоски при посетата на Охрид.
Поранешниот министер за правда и претседавач со Централниот одбор на ЗНАМ, Игор Филков, во неделата (8 ноември) го нарече го нарече „хибридно“ решението што го предлага неговиот наследник на функцијата Јетон Шасивари од Влен, тврдејќи дека за него дознал од медиумите. Ексминистерот посочи дека не се работи за тоа дали тој е „против“ или „за“ решението што се предлага, туку она што загрижува е што тоа било обиено од оние што се противат да полагаат на јазикот кој, како што рече, утре треба да се употребува во институциите каде што тие треба да работат како судии, адвокати и обвинители.
Студентите и факултетите на кои се студира на јазик различен од македонскиот не го прифатија вавкиот предлог и најавија дека доколку е потребно, повторно ќе излезат на протести. Имено, пет факултети кои имаат настава на други јазици бараат правосудниот испит да се полага на албански, турски и на англиски јазик.
Министерот за правда минатиот месец во изјава за медиумите рече дека преку дијалог со студентите и факултетите сака да се дојде до современо, правно издржано и европско решение, а најави и дека побара мислење од Венецијанската комисија за предложените измени за полагање на правосудниот испит, со цел да се обезбеди, како што кажа, дополнителна правна сигурност и усогласеност со европските стандарди.
