„Јас не се противам никој да полага на оној јазик кој што е овозможен согласно законите и Уставот. Она што мене ме загрижува е тоа што ваквото хибридно решение беше ад акта одбиено од оние што се бунат и противат да полгаат на јазикот кој што утре треба да се употребува во сите оние институции каде што планираат да работат како судии, адвокати, обвинители и сл.“, изјави денеска ексминистерот за правда и претседавач до Централниот одбор на ЗНАМ
Темата за начинот на полагање на правосудниот испит доби нови дименизи во политичкиот дискурс во државата по изјавата на лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој во петокот во телевизиско интервју рече дека неговата партија ќе ја напушти Владата доколку се прифати правосудниот испит да се полага на друг јазик освен македонскиот
Движењето ЗНАМ не отстапува од својот став околу начинот на полагање на правосудниот испит. Позицијата на еден партнерите во власта, денеска ја повтори донеодамнешниот министер за правда и претседавач со Централниот одбор на партијата, Игор Филков, кој денеска изјави дека Уставот и законите не даваат можност правосудниот испит да се полага на друг јазик освен македонскиот.

Филков кажа дека Движењето ЗНАМ ќе остане доследно и принципиелно на ставот, кај, како што додаде, го застапувал и дека ја извршувал функцијата министер за правда. Тој го нарече „хибридно“ решението што го предлага неговиот наследник на функцијата Јетон Шасивари од Влен, тврдејќи дека за него дознал од медиумите.
Ексминистерот вели дека не се работи за тоа дали тој е „против“ или „за“ решението што се предлага, посочувајќи дека она што загрижува е што тоа било обиено од оние што се противат да полагаат на јазикот кој, како што рече, утре треба да се употребува во инстуциите каде тие треба да работат како судии, адвокати и обвинители.
„Прво, за тоа хибридно решение, ајде да го наречеме така, јас дознав од вас медиумите. Јас не се противам никој да полага на оној јазик кој што е овозможен согласно законите и Уставот. Она што мене ме загрижува е тоа што ваквото хибридно решение беше ад акта одбиено од оние што се бунат и противат да полгаат на јазикот кој што утре треба да се употребува во сите оние институции каде што планираат да работат како судии, адвокати, обвинители и сл. Тоа е повеќе од загрижувачко“,
изјави Филков, кој на министерската позиција во Правда беше до јуни годинава, кога по реконструкцијата на Владата на негово место дојде Јетон Шасивари.
Темата за начинот на полагање на правосудниот испит доби нови дименизи во политичкиот дискурс во државата по изјавата на лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Тој во петокот во интервју за телевизија Сител рече дека неговата партија ќе ја напушти Владата доколку се прифати правосудниот испит да се полага на друг јазик освен македонскиот и дека ставовите на ЗНАМ по ова прашање му се познати на премиерот Христијан Мицкоски. Димитриевски најави дека на следниот состанок со премиерот ќе побара лидерска средба на која отворено би се разговарало и би се дефинирале црвените линии со коалициските партнери во однос на ова прашање и што тоа ќе значи за иднината на државата и за целокупниот правосуден систем.
Коментирајќи ја позицијата на Димитриевски и ЗНАМ, од опозицискиот СДСМ оценија дека темата со правосудниот испит се турка за да се создаде впечаток за наводен судир и тензија во владејачката коалиција, што било му дало алиби на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори и истовремено да се избегне одговност за загрозената финансискат стабилност поради случајот со Алта банка и празната државна каса.
Реагираа и од Алијанса за Албанците, од каде, нарекувајќи го лидерот на ЗНАМ „патриот на батерии“, наведоа дека прашањето за правосудниот испит му е потребно за да го искористи во предизборната кампања за да си го поправи рејтингот, бидејќи знае дека ќе има предвремени парламентарни избори.
Решението што го предлага актуелниот министер за правда, Шасивари, а за него неодамна говореше и премиерот Христијан Мицкоски, е усниот дел од правосудниот испит да се полага на македонски јазик, писмениот на јазикот на кој се студира.
Студентите и факултетите на кои се студира на јазик различен од македонскиот не го прифатија вавкиот предлог и најавија дека доколку е потребно повторно ќе излезат на протести. Имено, пет факултети кои имтаа настава на други јазици бараат правосудниот испит да се полага на албански, турски и англиски јазик.
Министерот за правда минатиот месец во изјава за медиумите рече дека преку дијалог со студентите и факултетите сака да се дојде до современо, правно издржано и европско решение, а најави и дека побара мислење од Венецијанската комисија за предложените измание за полагање на правосудниот испит, со цел да се обезбеди, како што кажа, дополнителна правна сигурност и усогласеност со европските стандарди.
