Темата на расправата ќе биде „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. Во првичното барање што СДСМ го поднесе до претседателката на собраниската комисија за финансирање и буџет беше наведена и формулацијата „за измамата на граѓаните“, на која се спротивставија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и побараа таа да биде тргната од насловот
На барање на пратеничката група на опозицискиот СДСМ, собраниската комисија за финансирање и буџет донесе одлука да одржи надзорна расправа во врска со последните случувања во Алта банка АД Битола.

Темата на расправата ќе биде „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. Во првичното барање што СДСМ го поднесе до претседателката на матичната собраниска комисија беше наведена и формулацијата „за измамата на граѓаните“, на која се спротивставија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и побараа таа да биде тргната од насловот.
Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не може однапред да се констатира дека станува збор за измама на граѓаните. Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, рече дека може да се договорат околу формулацијата, но потсети дека текстот бил преземен од иницијатива за надзорна расправа за Еуростандард банка.
„Насловот е препишан од вашата иницијатива за поведување на надзорна расправа за Еуростандард банка. Ако тогаш како опозиција сте биле суд, тогаш дозволете и ние да бидеме таков исти суд. Но, прифаќам да седнеме веднаш да го договориме за насловот и да ја поминеме точката“,
рече Спасовски.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, оцени дека случајот со Алта банка се разликува од оној со Еуростандард банка бидејќи, како што рече, нема судски процеси и обвинение.
На седницата беше заклучено да се одржи координација со членовите и заменик-членовите на Комисијата за финансирање и буџет, со цел утврдување на роковите, времетраењето и сведоците на надзорната расправа.
