Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостуваат универзитетските професори Александар Спасеновски и Владо Бучковски, се емитува вечерва (2 ноември 2026 г.) од 20:30 часот на МРТ 1
Што значи победата на ДУИ во Брвеница за односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен во владината коалиција и за калкулациите за евентуални предвремени парламентарни избори? Дали Бугарија вчера избираше и меѓу Русија и Западот? Што значи победата на Илијана Јотова за односите меѓу Скопје и Софија? Во Србија, една недела по победата на Студентската листа, сведочиме на промени во однесувањето на обвинителството и на дел од медиумите. Што зборува тоа за насоката во која ќе се развиваат работите кај северниот сосед? И дали случајот со Алта банка е најсилниот потрес што ќе го почувствува Македонија или има потенцијал и за други? На овие теми е фокусирана дебатата во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 со Александар Спасеновски, поранешен пратеник, и Владо Бучковски, поранешен премиер – и двајцата редовни професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.
Емисијата се емитува од 20:30 часот на МРТ 1.
