Тој не сакаше да открие кои ќе бидат новите потпретседатели. Имињата, според вечерашната изјава, ќе ги предложи на седница на партиското раководство в понеделник
Бројот на потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ од двајца ќе се зголеми на четворица, откри партискиот лидер во вечерашното гостување во емисијата 360° на Алсат ТВ. Исто така, ќе се прошири и составот на Извршниот комитет (ИК).
„Ние сме сега во фаза на внатрешно реорганизирање на партијата. В понеделник имаме Централен комитет (ЦК), ќе излезам пред членовите на ЦК со новиот состав на Извршниот комитет. Ќе има проширување, ќе има и нови луѓе. Ќе бидат некаде околу 28-29 луѓе. Ќе има проширување и во делот на потпретседателите, од двајца ќе бидат четворица. Така што, ценам дека ќе има еден навистина сериозен државнички капацитет кој ќе биде алтернатива заедно со тимот на стратешки соработници“,
рече Мицкоски, кој не сакаше да открие кои ќе бидат новите потпретседатели.
Актуелни потпретседатели на партијата се Александар Николоски и Владо Мисајловски.
Откако ќе се формираат партиските тела, најави Мицкоски, ќе излезат со конкретен план и околу терминот кога би се одржале предвремени парламентарни избори на кои инсистираат како опозиција.
*Повеќе вести од интервјуто на Мицкоски за 360°:
Мицкоски одговара зошто бара избори иако штотуку добивме нова влада
Мицкоски: Владата на Ковачевски нема да направи ништо подобро од последната на Заев
Мицкоски: Задоволен сум од досегашната работа на градоначалничката Арсовска
Мицкоски со предлог: Да го намалиме бројот на пратеници на 90 и да зборуваме за една изборна единица
Мицкоски: Подготвени сме да разговараме за праг под три отсто при една изборна единица
Мицкоски за случајот со ЕВН Електрани: Да го истражат случајот и секој што се огрешил да одговара