Бројот на регистрирани ковид-случаи во светот се приближува до 22 милиони. Според вебстраницата „Ворлд о метер“, во моментов бројот дијагностицирани изнесува 21 959 860.
Досега во светот почина 775 544 лица, а оздравени се 14 686 711 пациенти.
Најмногу потврдени случаи на новиот коронавирус во светот има во САД, вкупно 5 595 346 лица. Вкупно 2 948 102 се оздравени, а починаа 173 477 лица.
Втора земја на листата во светот е Бразил со 3 343 925. Од нив вкупно оздравеле 2 432 456, а починале 108 054.
На трето место по број на дијагностицирани е Индија, со 2 701 604 случаи, од кои оздравени се 1 976 248, а починати се 51 925 лица.