Центарот за јавно здравје Битола за последното деноноќие регистрираше девет нови случаи на ковид-19 во регионот на својата надлежност. Седум од случаите се од Демир Хисар, а двјаца се од Кичево.
Новите случаи во Демир Хисар се еден вработен и шест пациенти во Психијатриската болница, тие се на возраст од 27 до 61 година.
Новорегистрираните од Кичево се на возраст од 19 и 47 години, а едно од овие лица дава податок за контакт со веќе позитивни лица на ковид-19.
Според информациите на Центарот за јавно здравје од Битола, во Ресен и Битола денеска регистрирани се по двајца оздравени пациенти. Две лица се оздравени и од Демир Хисар, а три од Кичево.
Во изминатата седмица во периодот од 10 до 16 август Центар за јавно здравје- Битола во регионот регистрираше вкупно 76 случаи на ковид-19.
По градови најмногу во Кичево – 47, потоа во Битола – 18 и 11 лица во Демир Хисар. Во истиот период во овој регион се оздравени 68 лица или 19 во Битола, 35 во Кичево, 5 во Ресен и 9 лица во Демир Хисар.