Триесет и петгодишен пациент со ковид-19 од Велес ја изгуби битката со вирусот. Тој е и најмладиот пациент од денешните вкупно три починати лица со ковид-19.
Како што информираше Министерствот за здравство во изминатот деноноќие починале три лица, од Скопје, Велес и Македонски Брод. Пациентот од Скопје е на 69-годишна возраст, а пациентот од Макеоднски Брод е на 77-годишна возраст.
Сите три лица починале во болнички услови.
Според денешната статистика за состојбата со ковид во земјава, регистрирани се нови 103 случаи и 187 оздравени.
Актуелната состојба по градови може да се прочита тука.