ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста ја прашува министерката за финансии, Нина Ангеловска, дали таа ги извадила своите пари кои ги имала во Еуростандард банка. Претходно, беше најавено дека Народна банка ќе побара да се отвори постапка за стечај за Еуростандард банка, откако ѝ ја одзеле дозволата за работа поради неисполнување минимални законски услови за работење.
„Нина Ангеловска кога дојде на позицијата министер за финансии на Република Македонија во својот Анкетен лист пријави дека има депозит во вредност од 250 000 евра во Еуростандард банка. Ангеловска треба да одговори дали ѝ пропаднаа 250 илјади евра, пари од заштеда кои самата ги има пријавено, а ако не се, односно истите ги повлекла, со оглед на фактот што тие пари согласно имотниот лист не ги располага веќе во таа банка, тогаш тоа е огромен скандал. Ангеловска е должна да каже дали имала предвреме информација за таквиот потег“,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзани вести: