Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Канал 5 истакна дека секој еден што носи државна фунцкија треба да носи одговорност и дека не смее да се дозволи да се растураат институции, бидејќи доколку истото се случи, се губи вербата во нив.
„ Ако се изгуби довербата, тогаш се соочуваме со најголемиот проблем. вербата ако се изгуби во нив тогаш е најголемиот проблем. Ние сме тука за интересот на граѓаните, тие се оние кои преку даноци овозможуваат фунцконирање на државните органи. Мора да се размислиме зошто Обвинителство и судството имаат 8% доверба“,
порача Спасовски.
Во однос на Уставните измени, Спасовски вели дека во овој момент нема простор за тензија и дека е рано да се оцени како ќе се одвива политичката ситуација кога на ред ќе дојде расправата за нив, но сепак вели дека очекува преку дебата политичките субјекти да ги соочат своите ставови.
„Македонија нема алтернатива освен ЕУ и сите политички чинители треба да направат се за европските вредности да станат и наши. Многу е важно државата да продолжи по патот на Европската Унија каде што сме и веќе трасирани“,
вели Спасовски.
Вели и дека Парламентот е местото каде што треба да се отворат сите дебати, а одлуките да се носат на основа на аргументи. Воедно истакна дека Собранието не е блокирано, туку блокирани се само комисиите со кои раководи опозицијата.
„Никогаш до сега владеачкото мнозинство немало 2/3 мнозинство, затоа Собранието е местото каде треба да се отворат тие дебати, на основа на аргументи да се носат одлуки. Зошто сметаме дека е добро да влезат во Устав и Бугарите, Црногорците па и Евреите и зошто не би требало да се внесат во Устав? Тоа е легитимна дебата, да преовладува мислењето кое е интерес на државата. Јас сметам дека треба да влезат во Уставот особено оние кои повикуваат дека сме еден народ. Македонците се посебен народ со посебен идентитет, ова е шанса тоа да се признае“,
кажа Спасовски.
Запрашан за протестите за францускиот предлог и затворската казна од четири месеци која му беше изречена на Цуфи Кока, тој вели дека МВР не дозволила инцидентот кај „Мавровка“ да прерасне во поголеми размери, а за судската одлука за Кока, вели со такви ниски казни се испраќаат лоши пораки.
„Се праќаат лоши пораки со ниски казни. Мислам дека посебно во вакви околности, државата мора да има силен и жесток одговор кој ќе ги одврати сите оние кои во иднина ќе постапат вака. Сметам дека за да се влијае на луѓето, санкционирањата треба да бидат посилни и построги“,
истакна Спасовски.
За обвинувањата од дел од опозицијата за инцидентите во Крушево при прославата на празникот Илинден, Спасовски кажа дека Илиднен треба да е празник кои сите не обединува, и дека низ годините јасно се покажува дека државата созрева во овој дел.
“Илинден треба да не обединува во концептот на просперитетот на оваа држава, во конципирање на патот, мора да покажеме едно единство. Северна Македонија е Илинден и на Мечкин камен, и на Пелинце, и во Скопје и секаде каде што граѓаните го чествуваат овој празиник“,
вели Спасовски.
За застојот на граничните премини Спасовски вели дека проодноста на границите е нормална и дека тие се проодни но и дека на располагање се ставени максималните капацитети за да се подобрат условите и намалувањето на времето на чекање бидејќи споредбено со минатата година, во 2022 имаме зголемување за 45% на патници кои поминуваат низ границите“