Ф.Ш. (38) при излез од земјата приложил фалсификувани документи – пасош, возачка дозвола и лична карта – со кои се претставил како италијански државјанин
Странски државјанин Ф.Ш. (38) завчера е уапсен на Граничниот премин „Ќафасан“ кога при излез од земјата, на граничната контрола ѝ приложил фалсификувани документи, со кои се претставил како италијански државјанин.

„Околу 17:30 часот, при излез од Македонија со патничко моторно возило ‘мерцедес’, со кумановски регистарски ознаки, од страна на полициски службеници била извршена гранична контрола, при што било констатирано дека лицето приложило фалсификувани документи – патна исправа, возачка дозвола и лична карта“,
информираат од МВР.
Против лицето е поднесена кривична пријава за фалсификување исправа, казниво по член 378 од КЗ.
