Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 2 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 12 степени
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува сончево и постудено време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 2 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 12 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални -3 до максимални 8 степени.
Според најавата на УХМР, утре нè очекуваат ниски утрински температури со пораст на облачноста во текот на денот и повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните делови, а во петок во југоисточните делови на земјава. Во текот на викендот врнежите се очекува да бидат од дожд и снег.
