Еден од раководителите на Регионалниот совет за одбрана на Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм објави дека меѓу повредените има и доенче помало од една година и две деца на возраст од 6 и 16 години. Тој објави и фотографии од оштетената станбена зграда
Две лица загинаа, а најмалку 22 се повредени во руски ракетен напад на Запорожје во текот на ноќта, јави „Киев индепендент“. Шефот на Воената управа на Запорошката област, Михајло Семикин, изјави дека е уништен приватен станбен објект, а дека руските сили нападнале и делумно уништиле петкатна станбена зграда.

Еден од раководителите на Регионалниот совет за одбрана на Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм објави дека меѓу повредените има и доенче помало од една година и две деца на возраст од 6 и 16 години. Тој објави и фотографии од оштетена станбена зграда, со искршени прозорци и урнатини расфрлани наоколу.
Во нападот се оштетени и други станбени згради, приватни куќи, возила и транспортна инфраструктура.
