Несреќата се случила помеѓу патнички возила „опел“ и „форд” со битолски регистарски ознаки на патот Битола-Прилеп кај местото викано Туланата
Седумнаесетгодишна девојка загина, а 7-годишно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила околу 18:30 часот на патот Битола-Прилеп кај местото викано Туланата.

Несреќата се случила помеѓу „опел“ со битолски регистарски ознаки управуван од Е.Ф. (28) од прилепско Канатларци и „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (48) од село Долно Српци.
„На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото ‘опел’, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола“,
велат од Министерството за внатрешни работи.
Возачот на „опелот“, заедно со 44-годишната Д.Н. и седумгодишно дете од село Долно Српци, сопатници „фордот“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Повреден е и возачот М.Н..
Увид на местото на несреќата е извршен од страна на увидна екипа на СВР Битола.
Во друга сообраќајка во текот на вчерашниот ден две лица загинаа, а тројца се здобија со повреди.
