Според конечните неофицијални резултати што ги соопшти вечерва ДИК, мандати во новиот собраниски состав обезбедија три коалиции и три партии
СДСМ има повеќе мандати од ВМРО-ДПМНЕ во првата и во шестата ИЕ, а во втората и во четвртата ИЕ резултатот во пратенички места е изедначен, додека ВМРО-ДПМНЕ води со пратеник плус во третата ИЕ
Коалицијата на СДСМ и на Беса влегува со во 10 состав на македонскиот парламет со најмногу мандати освоени на вчерашните парламентарни избри. „Можеме“, како што соопшти ДИК на вечерашната седница, презентирајќи ги конечните неофицијални резултати, ќе заземе 46 пратенички места, односно има два мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ (44 мандати).
Треторангирана според бројката на освоени мандати е ДУИ, која сега добива 15 пратенички места или пет повеќе отколку во претходниот собраниски состав. Зад неа е коалицијата на Алијансата на Албанците и на Алтернатива – со 12 освоени места во новиот соства на законодавниот дом.
Досега вонпарламентарната Левица обезбеди влез во Собрранието, освојувајќи два мандати, по еден во првата и во третата ИЕ.
Во парламентот влегува повторно лидерот на ДПА Мендух Тачи, откако оваа партија го освое единствениот мандат на овие избори во шестата ИЕ, каде што тој беше носител на листа.
Мандати во новиот собраниски состав обезбедија три коалиции и три партии.
СДСМ има повеќе мандати од ВМРО-ДПМНЕ во првата и во шестата ИЕ, а во втората и во четвртата ИЕ резултатот во пратенички места е изедначен, додека ВМРО-ДПМНЕ води со пратеник плус во третата ИЕ.
Во првата ИЕ СДСМ освил 8 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ – 7, ДУИ и Алијансата по два, а Левица – 1. Во „ двојката“ СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по седум мандати, а ДУИ и Алијансата на Албанците по три. Сепак, според освоените гласови во оваа ИЕ, ВМРО-ДПМНЕ има блага предност пред СДСМ.
Во третата ИЕ, пак, ВМРО-ДПМНЕ има пратеник повеќе (10) од СДСМ (9), додека последниот мандат и тука отишол кај Левица.
Во четвртата ИЕ, соодносот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во мандати е 10-10. Сепак, во освоени гласови СДСМ има мало водство пред ВМРО-ДПМНЕ. Слична е ситуацијата и во петтата ИЕ, каде што двете најголеми партии имаат по осум мандати, со тоа што СДСМ има извесно водство во добиени гласови. Од останатите четири мандати, три одат кај ДУИ и еден кај Алијансата.
Во шестата ИЕ најмногу мандати има ДУИ – 7, Алијансата – еден помалку (6), додека коалицијата СДСМ-Беса тука е треторангирана со 4 мандати, односно два повеќе од ВМРО-ДПМНЕ (2), а последниот мандат оди кај ДПА.
На овие избори учествуваа 15 политички субјекти, ама девет од нив излегоа од „игра“, односно не обезбедија места во новиот собраниски состав. Од овие девет партии само уште Интегра освои над 10 илјади гласови, односно има повеќе од 12 илјади поддршка, која, сепак, не ѝ донесе ниту еден мандат.
Со оваа дистрибуција на мандати, всушност, се потврдува втората симулација што ДИК ја објави синоќа доцна во ноќта.
Наспроти тоа, лидерот на СДСМ Зоран Заев, прогласувајќи победа, соопшти дека, според партискиот аналитички центар, СДСМ има најмалку 49 мандати или најмалку три мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, распределбата на мандати што ја објави ДИК ги надмина пресметките на ДУИ, чиј лидер Али Ахмети соопшти дека партијата освоила од 12 до 13 мандати.