„Во дијалогот со Република Северна Македонија, владата и Министерството за надворешни работи (на Бугарија н.з) се водат од консензусот од 2022 година и последователните одлуки на бугарскиот парламент, кои јасно покажуваат каква е бугарската позиција“, рече бугарската министерка за надворешни работи одговарајќи на пратеничко прашање на вчерашната седница на бугарскиот парлемент
Според неа, важно е од Република Северна Македонија да се види подготвеност за политички наратив кој не е антибугарски, што досега, како што рече, бил главен
Нетипчно е да има медијатор помеѓу земја членкна на Европската Унија и земја кандидат за членство за договори кои не се од билатерален карактер, туку се усвоени и одобрени на европско ниво“, изјави бугарската шефица на дипломатијата Велислава Петрова-Чамова. Таа ова го кажа одговарајќи на пратеничко прашање на вчерашната седница на бугарскиот парламент, а во врска со инсистирањето на Скопје во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија за надминување на спорните прашања да бидат вклучени и претставници на институциите во Брисел, пренесе БГНЕС.

Северна Македонија треба да изгради политички наратив кој не е антибугарски
Темата во врска со одржувањето на билатералниот дијалог меѓу на високо ниво помеѓу претставици на Бугарија и Македонија во врска со процесот на евроинтеграцијата на земјава, според извештајот на агенцијата, на седницата ја отворил пратеникот од редовите на ГЕРБ-СДФ и претходик на Петрова-Чамова на функцијата шеф на бугарската дипломатија Георги Георгиев. Тој меѓу другото се осврнува и на, како што се наведува, антибугарскиот наратив што, според него, доминира во земјава.
Одговарајќи на прашањето во однос на барањето на земјава за медијаторство во разговорите меѓу Скопје и Софија, Петрова-Чамова вели дека позицијата на Бугарија е јасна.
„Важно е од Република Северна Македонија да се види подготвеност за политички наратив кој не е антибугарски, што досега беше главен“,
рече Петрова за време на парламентарната дебата.
Според неа, дијалогот меѓу двете страни ќе биде тежок додека не се случи ова.
„Се надеваме дека ќе ја пронајдат политичката логика и пристап што ќе им овозможи да го базираат своето членство на различна теза од антибугарската“,
рече министерката за надворешни работи.
Таа ги оцени како неосновани тврдењата на актуелната власт во Скопје дека Бугарија би можела да постави дополнителни барања (кон земјава) и да ја промени својата веќе воспоставена позиција кон Македонија.
„Во дијалогот со Република Северна Македонија, владата и Министерството за надворешни работи (на Бугарија н.з) се водат од консензусот од 2022 година и последователните одлуки на бугарскиот парламент, кои јасно покажуваат каква е бугарската позиција“,
рече министерката.
Поранешниот министер за надворешни работи Георг Георгиев ѝ даде, како што кажа, колегијален совет на Велислава Петрова по повод нејзината желба да бара политичка логика во однесувањето на властите во Скопјe.
„Пријателски совет меѓу колеги. Вие барате политичка логика во нивните постапки, а ја нема. Неколку пати се обидовме да најдеме основа за нивните постапки и реторика. Апсолутно нема логика во нивното однесување“,
рече Георгиев.
За потсетување, Бугарија бара од властите во земјава да направат уставни измени со кои Бугарите ќе бидат вметнати во Преамбулата на највискиот правен акт во државата. Од друга страна, Скопје бара гаранции дека Бугарија нема да поставува дополнителни услови за Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Еден од предлозите на Владата е доколку се усвојат уставните измени, тие да бидат со одложено дејство, односно да почнат да важат откако земјава ќе стане членка на ЕУ.
Ставот на македонската Влада
Дополнително, премиерот Христијан Мицкоски во септември, одговарајќи на новинарско прашање, реформите што ги испорачува земјава треба да бидат основа за вреднуавње на нашиот напредок кон ЕУ, додека дијалогот со Софија мора да се одвива во присуство на претставници од Европската Унија или НТО за да се постигне, како што кажа, реален ефект.
„Логично е да се седне и да се разговара во присуство на преставници на ЕУ затоа што треба да се слушнат аргументите објективно. Вака кога седиме и разговараме на билатерална основа тоа што се разговара нема никаква суштина. Ценам дека за да имаме некаков ефект, за да имаме суштина во тие разговори, добро е да има преставници од страна на Европската комисија за да ги слушнат аргументите. Ако нашите аргументи не држат, тогашн ние сме подготвени да ги прифатиме другите аргументи“,
изјави премиерот Мицкоски на 29 септември.
Говорејќи на темата, а во светло на неодамнешниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава на патот кон ЕУ, Мицкоски, исто така, одговарајќи на новинарско прашање кажа дека ставот на Владата во однос на уставните измени останува непроменет. Истовремено тој изрази надеж дека дијалогот со Бугарија на крајот ќе даде резултати и ќе овозможи почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што во моментов се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на Европската Унија (ЕУ) при што додаде дека земјава во овој процес останува на своите, како што кажа, јасни и принципиелни позиции.
Пораките од ЕУ
Повод за новинарското прашање до Муцунски беше изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос, која на прес-конференцијата во Брисел на 4 ноември, по претставувањето на пакетот за проширување, на новинарско прашање за ангажманот на Европската комисија во надминувањето на отворените прашања меѓу Скопје и Софија одговори дека ЕК прави многу за односите меѓу двете земји, но не кажува сè во врска со тоа.
Инаку, Кос, претставувајќи го пакетот за проширување за 2026 година, повтори дека за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер „Основи“, Северна Македонија треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои е предвидено внесување на малцинствата во Уставот.
На седницата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (ЕП), пред кој беше претставен извештајот, известувачот за Македонија во ЕП ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија посочувајќи ги Хрватска и Црна Гора како позитивен пример за решавање на отворените прашања преку дијалог.
Тој оцени дека билатералните прашања не треба да го попречуваат напредокот во пристапниот процес и дека единствениот излез од ќор-сокакот е владите во Скопје и Софија да седнат на иста маса и да разговараат.
Швајцарскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис, кој вчера беше во официјална посета на земјава, на заедничката прес-конференција во Муцунски по средбата, рече дека ОБСЕ може да даде придонес во евроинтегративниот процес на земјата преку набљудување и анализа на состојбите во владеењето на правото, како и преку олеснување на односите со соседните земји.
