Стивен Милер е еден од највлијателните и најблиските политички соработници на Трамп, пред сè познат како главен идеолог на некои од неговите најконтроверзни политики за имиграција и депортација. Тој има и работно искуство во Сенатот, каде што работел како советник и соработник на сенаторот Џеф Сешнс од Алабама, а потоа и како висок претставник на републиканците во комитетите за правосудство и за буџет
Неговото назначување доаѓа неколку дека по убедливиот пораз на републиканците на меѓуизборите во САД, на кои ја загубија контролата врз двата дома на Конгресот
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека актуелниот заменик-шеф на неговиот кабинет Стивен Милер од понеделник ќе ја преземе функцијата шеф на кабинетот. Милер, кој Трамп го опишува како еден од своите најдоверливи советници, доаѓа на местото на сегашната шефица на неговиот кабинет – Сузи Вајлс.

„Сузи Вајлс, која заврши извонредна работа, преминува во политичкиот тим на Трамп. Сакам да ѝ се заблагодарам за нејзиниот ангажман како шеф на кабинетот – заврши одлична работа!“,
напиша Трамп во објава на Трут соушл.
Во изјава за медиумите подоцна во текот на денот, прашан што го поттикнало унапредувањето на Милер, американскиот претседател рече дека сакал да направи промена.
„Сузи Вајлс заврши многу добра работа. Стивен беше одличен и моравме да преземеме одредени чекори. Понекогаш во животот мора да се направат промени. Стивен е со мене од самиот почеток, ги разбира работите, многу е добар во поликата, одличен менаџер е“,
рече Трамп коментирајќи ја одлуката да го назначи Милер за највисоката функција во неговиот кабинет.
Досегашната шефица на кабинетот во Белата куќа, Сузи Вајлс, во соопштение објавено на социјалните мрежи порача дека можноста да му служи на претседателот Доналд Трамп е чест што се доживува еднаш во животот. Додава дека е горда на сите досегашни достигнувања и благодарна за луѓето со кои имала прилика да соработува.
Today is my last day as White House Chief of Staff. Serving President Trump in the White House has been the honor of a lifetime. I’m so proud to have been a part of what we’ve accomplished together from securing our border and cutting taxes to strengthening our economy and putting America First. More than anything, I’m grateful for the extraordinary people I’ve had the privilege of working alongside. While my role may be changing, my commitment to the President and the mission never will.
— Susie Wiles (@SusieWiles47) November 6, 2026
Стивен Милер е еден од највлијателните и најблиските политички соработници на Трамп, пред сè познат како главен идеолог и архитект на некои од неговите најконтроверзни политики за имиграција и депортација. Милер има и работно искуство во Сенатот, каде што работел како советник и соработник на сенаторот Џеф Сешнс од Алабама, а потоа и како висок претставник на републиканците во комитетите за правосудство и за буџет.
Неговото назначување на новата функција во Белата куќа доаѓа само неколку дека по убедливиот пораз на републиканците на меѓуизборите во САД, на кои ја загубија контролата врз двата дома на Конгресот.
Иако по поразот на изборите Трамп рече дека е подготвен да соработува со демократите во Конгресот, унапредувањето на Милер може да укажува на поконфронтациски пристап и засилен притисок за спроведување на претседателската агенда, велат неколку претставници на Белата куќа кои ги цитира Ројтерс.
