Таа додаде дека Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија и дека целта е првиот кластер од пристапните преговори да биде отворен штом ќе бидат исполнети условите
Пред да ги наведе клучните оценки и забелешки за земјите кандидатки за членство, еврокомесарката за проширување, презентирајќи го извештајот, наведе дека оваа година има три новини. Првата е дека Европската комисија ќе претстави сет од индикативни патокази за четирите земји кандидатки кои имаат најголем напредок на патот за членство во Европската Унија во текот на изминатата година
Северна Македонија покажа посветеност на реформите за ЕУ и на Реформската агенда и сега треба да ја покаже истата одлучност да се предвижи напред на евоинтеграцискиот пат. Условите се јасни. Северна Македонија треба да ја исполни својата обврска за уставни измени, како што е наведено во заклучоците на Советот на Европа од јули 2022 година.

Ова е еден од трите паусиси што ги кажа еврокомесарката за проширување Марта Кос претставувајќи го овогодишниот пакет за проширување на Европската Унија пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент – АФЕТ.
ЕУ ќе продолжи со поддршката, но сè зависи од Македонија
Таа додаде дека Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија и дека целта е првиот кластер од пристапните преговори да биде отворен штом ќе бидат исполнети условите, односно штом ќе бидат направени уставните измени.
„Сега сè зависи од Северна Македонија“,
кажа Кос.
Во меѓувреме, додаде таа, е нотиран прогрес во техничката работа на одредниците за отворање на кластерот 1.
Патокази, постепено членство и нов фокус на безбедноста на ЕУ
Пред да ги наведе клучните оценки и забелешки за земјите кандидатки за членство, еврокомесарката за проширување, презентирајќи го извештајот, наведе дека оваа година има три новини. Првата е дека Европската комисија ќе претстави сет од индикативни патокази за четирите земји кандидатки кои имаат најголем напредок на патот за членство во Европската Унија во текот на изминатата година.
„Овие патокази се документи засновани на принципот на заслуги, што значи дека се дизајнирани да го поддржат и да даваат насоки за понатамошен напредок, но не можат да ги предодредуваат резултатите или да го заменат целосното и кредибилно исполнување на критериумите за членство“,
рече Кос.
Посочувајќи ја Црна Гора за предводник на учесниците во пристапниот процес, еврокомесарката кажа дека патоказите за Подгорица опфаќаат одредници кои водат до потпишување на договорот за пристапување на земјата во ЕУ. Што се однесува до останатите три земји означаени како предводници (фронтранери) – Албанија, Украина и Молдавија, за нив патоказите претставуваат водич за претстојниот период од една година.
„Напредокот на овие четири земји покажува дека тој зависи од политичката волја и политичкиот избор. Секоја земја кандидат може да се приклучи на групата земји што напредуваат и ги охрабруваме сите земји кандидатки да го направат тој избор“,
кажа Кос.
Истовремено, рече таа, претставувајќи ја втората новина, Европската комисија презентира нов модел на постепена интеграција.
„Сакаме повеќе Европа за земјите кандидатки пред полноправно членство. Ова носи јасни бенефити за земјите кандидатки и за змејите членки на ЕУ, и служи како заеднички стратешки приоритети. Во првата половина од следната година, и ова е ново, ќе почнеме со разговори за постепена интеграција со земјите кандидати за да се утврди актуелната ситуација и да се разгледаат понатамошните можности за интеграција“,
рече еврокомесарката за проширување.
Трета новост, што ја претстави Кос се однесува на нов фокус на интегрираната природа на европската безбедност.
„Иако знаеме дека од почетокот на процесот на проширување во Европа со проширувањето овозможуваме мир, слобода, безбедност и просперитет, развојот на настаните во земјите од проширувањето имаат директни последниици за нашата безбедност. Дезинформациите, кибернападите и организираниот криминал нè засегаат сите“,
кажа таа.

Црна Гора треба да стане членка на ЕУ во јуни 2028 година
Што се однесува до главните заклучоци за напредокот на земјите кандидатки во изминатата година, Црна Гора, како што кажа Кос, е на еден чекор да стане 28. земја членка на на Европската Унија. Според еврокомесарката веќе се работи на договорот за пристапување и тоа е наведено во патоказот за земјата и доколку сè оди како што треба, Црна Гора треба да стане полноправна членка во јуни 2028 година.
Албанија доби пофалби за испорака на клучните реформи, но според Кос, земјата треба да поработи на уште неколку клучни области, како поглавјето „Темели“ и на решавањето прашања кои се однесуваат на животната средина. Оптимистичката прогноза на еврокомесарката е дека Тирана можеда ги затвори преговорите до крајот на 2027 година.
За Босна и Херцеговина се нотира дека на последните парламентарни избори бил забележан засилен анти-ЕУ наратив, со препорака дека земјата треба да покаже јасна заложба за враќање кон преспективата за членство во Унијата.
Косово останува посветено на патот кон ЕУ, но треба дополнително да ја интензивира имплементацијата на Реформската агенда.
Србија има шанса за нов старт
Што се однесува до Србија, Кос рече дека во земјата е нотирано назадување во фундаменталните вредности и права и оти се очекува новата влада да ја врати земјата на патот кон ЕУ.
„Србија има шанса за нов старт, да ги зајакне демократските институции и да се зацврсти на својот пат кон ЕУ“,
кажа Кос.
