На предвремените парламентарни избори коалицијата „Можеме“ што ја предводи СДСМ освоила 327 329 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 315 344 гласа, ДУИ 104 578, Алијанса за Албанците и Алтернатива 81 297 гласа, Левица 37 551, ДПА 13 891 и Интегра со 12 291 глас. Останатите партии кои учествуваа на изборите се со далеку помалку гласови.
Ова вечерва на јавна седница го соопшти претседателот на ДИК Оливер Деркоски.
Од вкупно запишаните 1 814 236 гласачи во Избирачкиот список, вчера гласале 942 334 граѓани, а неупотребени останале 869 889 ливчиња.
Од оние кои гласале, важечки се 910 868 ливчиња, додека неважечки се 31 466.