Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека нивната пратеничка не гласала против верификацијата на мандатот на новиот пратеник, туку против процедурата според која СДСМ тоа го прави
СДСМ ја нападна попладнево пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силаноска Давкова дека направила скандалозен преседан со гласање „против“ верификација на мандатот на новиот пратеник Бедри Фазлиу, кому ДИК денеска му издаде уверение за стапување на функцијата, по оставката на Флорин Бесими.
„Со гласањето против верификацијата на мандат на пратеникот Бедри Фазлиу, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска денеска во Собранието направи скандалозен преседен во историјата на македонската демократија, чин директно спротивен на демократската волја на граѓаните. Неодговорно, антидржавно и крајно опасно е пратеник во Собранието да гласа против верификација на мандат освоен на фер и демократски избори и потврден од ДИК, притоа очајно правдајќи се дека се збунила.
се нацедува во соопштението на СДСМ.
Тоа е незериозен и аматерски однос кон Собранието, кон пратениците и кон граѓаните. Дали Сиљановска гласаше против само затоа што во парламентот треба да влезе граѓанин Албанец или свесно отиде против волјата на граѓаните изразена на фер, слободни и демократски избори“,
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека Силјаноска не гласала против верификацијата на мандатот на Фазлиу, туку против процедурата по која СДСМ тоа го прави.
„Денеска, СДСМ верификува мандати спротивно на Деловникот за работа на Собранието, член 17, кој јасно вели дека верификацијата на мандатите за оние кои ќе станат пратеници од листата на кандидати во остатокот од мандатот Собранието ја врши на првата наредна седница, врз основа на извештајот на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, а не по предлог на Верификациската комисија, како што тоа денес го прави“,
се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека Силјаноска не гласала против верификацијата на мандатот на Фазлиу, туку против процедурата по која СДСМ тоа го прави.
