Според пратеничката Ласовска, изборот на новите пратеници, чии мандати не беа верификувани на 4 август, треба да оди преку Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, која, пак, не е избрана се уште
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска ја напушти денеска работата на Верификациската комисија, оспорувајќи г легитимитерот и законитоста на изборот на нови пратеници кои доаѓаат на местата на пратениците што поднесоа оставки поради номинациите за министри.
Како што посочи Ласовска, мандатот на Верификациската комисија е замрен. Односно тој завршува со завршувањето на конститутивната седница, која, пак, го имаше своето финале минатиот петок, со изборот на Талат Џафери за спикер и со формирањето на Комисијата за избори и именувања.
„Верификација на мандатот на пратеници за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештај од Државната изборна комисија, а по предлог од Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Што значи, нашиот мандат е завршен и со тоа нашите надлежности се исцрпени и ние како ВМРО-ДПМНЕ не сакаме повеќе од учествуваме во работата на ова комисија. Ви препорачувам сите да престанеме да работиме бидејќи ако продолжиме со работа еклатантно го кршиме Деловникот“,
рече Ласовска.
Денешниот собраниски ден премиерно ја отслика ситуацијата со тенкото парламентарно мнозинство на коалицијата „Можеме“ и ДУИ. До крајот на денот, според информациите, треба да се одржат вкупно девет седници за да се верификуваат мандатите на осум нови пратеници, додека на првата седница, што бепе закажана вчера, беше утврден бројот на потпретседатели на парламентот.
За да биде сигурен дека во салата во секое време ќе има по 61 пратеник, Џафери закажа седници за верификација на секој мадат посебно. Исто така, со исклучок на Комисијата за избори и именувања, постојаните работни тела на парламентот не се формирани се уште, со оглед на тоа што санува збор за нов собраниски состав.
Поради тоа, верификацијата на новите мандати не можеше да оди преку Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, туку изборот оди преку Верификациската комисија, која беше избрана на 4 август, кога почна конститутивната седница, и која, всушност е времено тело.