Судењето чиј почеток беше презакажан за денеска во Основниот суд во Тетово и денеска се одложи, откако претходно имаше две одложувања. По десетмесечната истрага почетокот на судењето беше закажано за 6 септември, па се одложи за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите. На 14 октомври беше одложено за денес – 8 ноември поради тоа што двајца од обвинетите немаа адвокати
Трет пат по ред се одложува почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово кој се случи на 8 септември минатата година, а во кој живототите ги загубија 14 лица, а десетина беа повредени.
Судењето чиј почеток беше презакажан за денеска во Основниот суд во Тетово и денеска се одложи, откако претходно имаше две одложувања. По десетмесечната истрага почетокот на судењето беше закажано за 6 септември, па се одложи за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите. На 14 октомври беше одложено за денес – 8 ноември поради тоа што двајца од обвинетите немаа адвокати.
Откако еден од обвинетите повторно немаше адвокат бранител, судијата Јордан Велковски го одложи судењето за 7 декември. Причина за одлагањето, меѓу другото, беше и тоа што другите адвокати побараа освен увид да имаат и препис од доказните материјали.
Од Обвинителството информираа дека доказите се доставени до Судот и побараа да се дозволи увид и препис.
Судијата Велковски истакна дека во наредниот период адвокатите-бранители ќе имаат можност да направат препис на материјалните докази. Беше посочено дека освен пишани материјали постојат и електоронски докази на вкупно 3 000 страници.
Обвинети во случајот се тогашниот директор на Клиничката болница Тетово, Фљорин Бесими, економскиот директор Артан Етеми, докторот Бобан Вучески, како и Клиничка болница Тетово како правно лице.
По излегување од судницата само првообвинетиот Фљорин Бесими даде изјава за медиумите во која го повтори ставот даден на претходно закажаните датуми за главна расправа дека сака што побргу да почне судење.
„Јас сум најмногу заинтересиран судењето побрзо да заврши и да ја докажам својата невиност во врска со овој трагичен настан“,
изјави Бесими.
Тетовското Обвинителство ги обвини двајцата директори Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово, пак, за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинжинер и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.
Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше обвинителството.
Тогашните двајца директори на тетовската болница поднесоа оставки, но останаа на функциите се до преструктуирањето во Владата.