Младиот човек немал претходно криминално досие, а според полските медиуми, секоја недела одел на локално стрелиште со својот татко за да вежба стрелаштво

Дваесет и четригодишниот Михал О., кој завчера уби шест лица и повреди уште 15 на главниот плоштад во Краков, Полска, почина рано утрово во болница од сериозни повреди здобиени во судир со полицијата, потврди локалната полиција.
Нападот се случи завчера околу 15 часот кога Михал со автомобил влета во главниот плоштад во Краков и почна да пука врз минувачите. Меѓу шестемина убиени на плоштадот се четири жени и двајца мажи на возраст меѓу 32 и 61 година. Сојузните и регионалните власти потврдија дека меѓу убиените се тројца полициски државјани, 51-годишна австриска државјанка и 32-годишен државјанин на Велика Британија.
Од 17-те повредени, меѓу кои има и двајца полициски службеници, од кои кои едниот е во критична состојба, , петмина се странци со потекло од Велика Британија, Австрија, Германија, Португалија и Русија.
По брзата интервенција на полицијата, започнала потера по неговото црно „субару“, по што Михал удрил во запрено возило на раскрсница. Излегол од автомобилот и почнал да пука кон полицијата. Притоа тешко ранил двајца полицајци, но еден од нив, и покрај повредите, успеал да го совлада и да пука во него, по што напаѓачот бил однесен во болница.
За време на истрагата, полицијата откри уште едно кривично дело во неговиот роден град Островјец Свјетокржиски, на околу два часа возење од Краков. Телата на неговиот 52-годишен татко, 51-годишна мајка и 21-годишна сестра беа пронајдени во семејниот стан, кои исто така биле застрелани пред Михал да изврши смртоносен напад на плоштадот.
Државното обвинителство во Краков официјално го истражува случајот како терористички напад. За време на ноќните претреси во Краков и Островјец Свјетокржиски, истражителите пронашле и заплениле значителна количина муниција и огнено оружје од семејниот дом на напаѓачот.
Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински изјави дека сè укажува оти Михал дејствувал независно и бил фасциниран од крајнодесничарската идеологија и застапувал „ултранационалистички“ и радикални ставови. Младиот човек немал претходно криминално досие, а според полските медиуми, секоја недела одел на локално стрелиште со својот татко за да вежба стрелаштво.
Во земјата е прогласена дводневна национална жалост. Знамињата во Полска се спуштени на половина копје, а иста гест на солидарност направи и Европската комисија во Брисел.
