Осомничениот, полски државјанин, бил застрелан од полициски службеници и пренесен во болница. Мотивите за нападот се непознати

Четири жени и двајца мажи се убиени во пукање во Краков, а петнаесетина други лица се повредени, соопшти тамошната полиција.
Настанот се случил околу 15 часот денеска, кога маж со возило влегол на главниот плоштад во градот и почнал да пука „наслепо“ од автомобилот, соопшти локалната полиција.
Меѓу повредените има и двајца полицајци – еден од нив е во „критична состојба“, изјави министерот за внатрешни работи, Марчин Кјерињски.
Од полицијата велат дека осомничениот, полски државјанин, бил застрелан и пренесен во болница. За време на апсењето и осомничениот возвратил со оган, па затоа меѓу повредените се и двајца полицајци.
Портпаролот на полицијата изјавил дека осомничениот „носел облека во воен стил“ и користел „воено оружје“, а дополнително оружје било пронајдено и во неговото возило.
Областа околу Главниот плоштад е блокирана, а полицијата ги отстранува луѓето од местото на настанот, јавува „Би-Би-Си“.

Во објава на социјалните мрежи, полскиот премиер Доналд Туск го нарече инцидентот „трагичен“ и наведе дека полицијата ги истражува сите околности на нападот.
Jestem na bieżąco informowany przez ministra spraw wewnętrznych o sytuacji w Krakowie po tragicznej strzelaninie. Policja bada tło i wszystkie okoliczności zamachu.
— Donald Tusk (@donaldtusk) November 7, 2026
