Министерството за здравство има два чекори во Реформската агенда 2024–2027, и двата се поврзани со политиката за дроги и усогласувањето со ЕУ, вели ресорниот министер Сашо Клековски

Министерството за здравство vо рамки на Реформската агенда 2024-2027 ќе воспостави нов систем за рано предупредување за дроги и ќе ја промени листата на психоактивни супстанции, соопшти ресорниот министер Сашо Клековски.
Системот за рано предупредување ќе се спроведе преку измени на постоечките закони, формирање Национална опсерваторија и директно вмрежување со Агенцијата на ЕУ за дроги (EUDA), а целиот процес е веќе започнат и ќе се заокружи во текот на следната година.
„Формирана е работна група која прави ревизија и усогласување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Се подготвува склучување на официјален работен аранжман со Агенцијата на ЕУ за дроги (EUDA). Во соработка со TAIEX експертска мисија, се подготвува нова Национална стратегија за дроги пресликана од Стратегијата на ЕУ. Цел е Националната опсерваторија за дроги, воспоставување на системот за рано предупредување и известување кон EUDA“,
соопшти Клековски.
листа на психоактивни супстанции усогласена со ЕУ, е чекор за следната година.
„Во законодавството ќе се воведе дефиниција за ‘нова’. Ова не се само административни обврски. Функционален систем за рано предупредување значи навремено да откриеме нови опасни супстанции и побрзо да реагираме за заштита на здравјето на граѓаните“,
објави ресорниот министер.
Темата била дел од кооридативниот состанок за Реформската агенда што денеска го одржа премиерот Христијан Мицкоски, а на кој беа прецизирани следните чекори на здравствените власти.
