Според прогнозата од Управата за хидрометеорлошки работи (УХМР), утре ќе има променливо облачно време со повремени сончеви периоди

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд најавуваат метеоролозите за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе биде од 2 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 8 до 13 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 6 степени наутро, до 12 во текот на денот.
Според прогнозата од Управата за хидрометеорлошки работи (УХМР), утре ќе има променливо облачно време со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде од 11 до 16 степени.
