Федерацијата очекува случајот да биде разгледан од ЕХФ и Ракометната федерација на Грција и да следува соодветна реакција од надлежните институции. Воедно, оттаму ќе бараат и преземање конкретни мерки за да се спречат слични ситуации во иднина
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека официјално ќе реагира до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката со која нашата репрезентација беше означена за време на телевизискиот пренос од денешниот натпревар меѓу Македонија и Грција.

Имено, за време на телевизискиот пренос од натпреварот што се играше во Халкида, на графиката, наместо вообичаената кратенка „MKD“, за македонската репрезентација беше употребена кратенката „NMKD“.
Од Ракоментната федерација на Македонија сметаат дека ваквите, како што велат, пропусти се неприфалитиви, поради што ќе испратат официјален приговор до двете ракометни институции. Федерацијата очекува случајот да биде разгледан и да следува соодветна реакција од надлежните.
Оттаму, додаваат, дека ќе бараат и преземање конкретни мерки за да се спречат слични ситуации во иднина.
Инаку, натпреварот во Халкида заврши со победа на Грција од 29-24, со што македонската репрезентација претрпе непријатен пораз во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
