Според укринаинскиот оператор ДТЕК повеќе од 600 000 жители останале без електрична енергија само во централниот регион Днепропетровск
Руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина во текот на ноќта кон неделата (8 ноември) оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во регионите Днепропетровск и Харков, соопштија локалните власти и украинскиот снабдувач со енергија, пренесоа светските медиуми.

Според медиумските извештаи, додека Украина се подготвува за уште една исклучително тешка зима во услови на војна, Русија ги засилува секојдневните воздушни напади, преполувајќи ја електричната мрежа на земјата со беспилотни летала и ракети.
Укринаинскиот оператор ДТЕК на платформата Телеграм соопшти дека повеќе од 600 000 жители во централниот регион Днепропетровск останале без електрична енергија, откако во нападите во текот на ноќта биле оштетени клучни енергетски објекти.
Напорите за поправка на мрежата, според компанијата, биле попречени од повторени напади.
Во одделен напад, руски дрон погодил клучен објект во североисточниот регион Харков, објави на социјалните медиуми Микола Бакшеев, градоначалник на градот Златопил.
„Речиси 250 000 клиенти во регионот Харков останаа без електрична енергија“,
навел тој, додавјќи дека санирањето на штетите е во тек.
Енергетската инфраструктура во пет украински региони, вклучувајќи ги Днепропетровск и Харков, веќе беше цел на масовни руски напади во текот на ноќта во саботата, што доведе до прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди нападите, оценувајќи ги како форма на притисок што го применува Москва пред трилатералните разговори, за кои се очекува да продолжат следната недела.
