Министерот за одбрана на Полска, Владислав Косињак-Камиш, исто така го нарече пукањето директен терористички напад врз градот кој годишно го посетуваат над 15 милиони луѓе
Полските обвинители и официјално отворија истрага за тероризам по крвавиот напад во Краков, во кој 24-годишен маж уби шест лица, а рани уште 17, пренесе „Гардијан“.

Нападот се случи во саботата (7 ноември) околу 15:00 часот, кога осомничениот – полски државјанин во локалните медиуми идентификуван како Михал О. – со голема брзина влетал со возило на главниот плоштад во историскиот центар на Краков, локација која вообичаено е преполна со туристи.
Носејќи на себе облека во воен стил и панцир, тој започнал неселективно да пука од возилото врз минувачите. Портпаролката на полицијата во Краков, Катажина Цисло, го опиша случајот како „див поход“.
Нападот завршил откако полицијата со огнено оружје го неутрализирала и уапсила осомничениот, кој потоа под силно полициско обезбедување бил пренесен во болница на операција.
Додека полициските екипи го обезбедуваа плоштадот, нов шок ја потресе јавноста во неделата (8 ноемри). Имено, полицијата пронајде уште три мртви тела во семејниот дом на напаѓачот во градот Островјец Свјентокшиски, на околу 160 километри североисточно од Краков.
Полицијата потврди дека станува збор за неговиот 53-годишен татко, 52-годишната мајка и 21-годишната сестра, сите со прострелни рани, што укажува дека Михал О. го започнал својот крвав план од сопствениот дом пред да замине кон Краков.
Крајнодесничарска идеологија и жртви од повеќе земји
Министерот за внатрешни работи на Полска, Марчин Кервињски, потврди дека напаѓачот бил фасциниран од крајнодесничарски идеологии и застапувал „ултранационалистички“ и радикални ставови.
Меѓу шестемина убиени на плоштадот се четири жени и двајца мажи. Сојузните и регионалните власти потврдија дека меѓу убиените се тројца полициски државјани, 51-годипна австриска државјанка и 32-годишен државјанин на Велика Британија.
Од 17-те повредени, меѓу кои има и двајца полициски службеници, од кои кои едниот е во критична состојба, , петмина се странци со потекло од Велика Британија, Австрија, Германија, Португалија и Русија.
Терористички напад
Државното обвинителство го квалификуваше случајот како убиство на шест лица и обид за убиство на повеќе лица со употреба на огнено оружје – чин што претставува тероризам. Министерот за одбрана на Полска, Владислав Косињак-Камиш, исто така го нарече пукањето директен терористички напад врз градот кој годишно го посетуваат над 15 милиони луѓе.

Во земјата е прогласена дводневна национална жалост. Знамињата во Полска се спуштени на половина копје, а иста гест на солидарност направи и Европската комисија во Брисел.
Реакциите и пораките со сочувство пристигна од сите страни. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски нападот го нарече шокатно злосторство, додека неговиот француски колега, Емануел Макрон кажа дека со шок и неверување ја примил веста за трагичните случувања. Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, истакна дека неговата земја цврсто стои со Полска како пријател и партнер. Премиерката на Италија, Џорџа Мелони изрази сочувство за, како што го нарече гнасниот и неприфатлив чин на насилство.
Сочувство изрази и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, која на социјалната платформа Икс напиша дека со длабока тага и жалост ја примила веста за терористичкиот напад во Краков.
Медиуми: Брутален крај на една ера во Полска
Дел од полските медиуми оценуваат дека масовното пукање ставило „брутален крај на една ера во која Полска се сметаше за остров на безбедноста“. Загриженоста кај граѓаните на земјата, како што пренесува „Гардијан“, е дополнително зголемена по неколкуте претходни инциденти со напади со нож во училишта во текот на октомври, кои беа поврзани со екстремизам поттикнат преку интеренет.
