За жалење, велат од Министерството, е што опозицијата наместо да ги изложи своите аргументи и јавно да ги објасни своите политички ставови, избира да се вклучи во измислени приказни, со кои се обидува да ја избегне одговорноста за политичкиот инает со кој настапуваат
Соопштението на МНР доаѓа по денешните реакции од опозициската партија на вчерашната видеопрезентација на шефот на дипломатијата на социјалните мрежи, во која на училишна табла со креда в раце ги објасни структурата и содржината на Преговарачката рамка со ЕУ
ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека нивните лаги и пропаганда за преговорите се разоткрија во само едно детално видео во кое прецизно беше објаснета содржината на Преговарачката рамка, како и процедурите и принципите на преговарачкиот процес, велат во писмено соопштение од Министерството за надворешни работи.
Соопштението на МНР доаѓа по денешните реакции од опозициската партија на вчерашната видеопрезентација на шефот на дипломатијата на социјалните мрежи, во која на училишна табла со креда в раце ги објасни структурата и содржината на Преговарачката рамка со ЕУ. Во сликовитото објаснување, Османи се задржа на позиционираноста на Договорот со Бугарија и на членот 12 од Договорот во Преговарачката рамка. Тој потенцира дека во ниту една одредниците, патоказите или скалилата во специјалниот дел од Преговарачката рамка нема реферци или поврзаност со Договорот со Бугарија.
„На граѓаните им стана јасно дека ниту Договорот со Бугарија, ниту прегледите од член 12 нема да бидат пречка за напредокот во европските интеграции, затоа што тие ниту се дел од поглавјата, ниту во одредниците, содржани во акциските планови, ниту, пак, било каде во специјалниот дел од Преговарачката рамка за кој ќе бидат изготвувани извештаи и по кои ќе се гласа“,
се наведува во соопштението на МНР.
Оттаму велат дека европската интеграција на земјава претставува стратешки државен интерес за кој граѓаните, без разлика на политичката припадност имаат право да бидат јасно и прецизно информирани за прашањата од кои зависи во каква земја ќе живееме во иднина.
„Граѓаните заслужуваат аргуметирана политичка дебата, а не паушални и шпекулативни обвинувања за кои нема никава основа“,
порачуваат од МНР.
За жалење, велат од Министерството, е што опозицијата наместо да ги изложи своите аргументи и јавно да ги објасни своите политички ставови, избира да се вклучи во измислени приказни, со кои се обидува да ја избегне одговорноста за политичкиот инает со кој настапуваат.
„Граѓаните заслужуваат европска иднина, Република Северна Македонија заслужува да продолжи успешно да ги води преговорите и одговорните политички лидери не треба заради тесни партиски интереси да ѝ застанат на тој пат на земјава“, подвлекуваат од МНР.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение реагираа на видеопрезентацијата на Османи, наведувајќи дека министерот може каде сака да пишува, но тоа нема да го промени фактот дека источниот сосед отворено најавува нови и нови условувања кои имаат крајна цел однародување на Македонците.
„Сега единствено што му преостанува на Османи е да си напише на табла ОСТАВКА, ама вистинска, која ќе стапи на сила веднаш, заради катастрофалната дипломатија која ја води“,
порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
На реакциите на ВМРО-ДПМНЕ на објавата на министерот за надворешни работи, на прес-конференција се надоврза и партискиот портпарол Наум Стоилковски. Тој го повика Османи на талба со креда да напише во кој кластер од преговорите со ЕУ се преговори на Влада со Слупчане за плаќање струја, полициска асистенција за екипи на ЕВН да прочитаат струјомер, претприемачкиот дух на Дрин Ахмети без денар да ја добие пола ‘Соравија’, кривичните за Рамиз Мерко, директорката со средно во Струга, и докторот што ја остави жената без органи…
„Бујар Османи, земи креда и со големи букви напиши: Уставни измени под бугарски диктат нема да има“,
рече Стоилковски на прес-конференцијата.