„Доцна попладнево до Судот од Обвинителството е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов, кој веќе е во притвор за предметот поврзан со пожарот во Кочани. По него ќе се постапува во текот на утрешниот ден“, соопштија вечерва од Основниот кривичен суд Скопје
Газдата на „Пулс“ требаше да излезе од притвор на 3 октомври, до кога му беше последното продолжување на притворот, со оглед на законската одредба дека може да ја издржува мерката најмногу една година од оцената на обвинителниот акт
Основниот кривичен суд Скопје информира дека Обвинителството до Судот доставило предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против газдата на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, кој во моментов се наоѓа во притвор поради предметот поврзан со пожарот во Кочани.

Предлогот до Судот пристигнал доцна попладнево, а по него ќе се постапува во текот на утрешниот ден.
„Доцна попладнево до Судот од Обвинителството е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов, кој веќе е во притвор за предметот поврзан со пожарот во Кочани. По него ќе се постапува во текот на утрешниот ден“,
соопштија попладнево од Основниот кривичен суд Скопје.
Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, објавија дека станува збор за нов предмет по кој постапува Обвинителството, од каде што сè уште официјално не се произнесоа.
Инаку, новиот предлог за определување мерки против Дејан Јованов доаѓа на два дена пред тој да биде пуштен од притвор. Газдата на „Пулс“ требаше да излезе од притвор на 3 октомври, до кога му беше последното продолжување на притворот, со оглед на законската одредба дека може да ја издржува мерката најмногу една година од оцената на обвинителниот акт. Јованов понуди 12 милиони денари или околу 200 илјади евра во недвижен имот како гаранција дека нема да побегне откако ќе излезе од притвор.
