Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утрово бил повикан на разговор во полициската станица Беко.
Според извори на „360 степени“, станува збор за случајот во кафеаната на улицата „Боемска“, кога инспектори го „уловија“ Мицкоски како седи во внатрешноста на објектот, спротивно на мерките за заштита од ковид-19.
Од МВР засега нема официјална потврда.
Претходно, техничкиот министер Наќе Чулев посочи дека снимките од „Боемска“ се анализираат и, ако има основа, како што рече, ќе се поднесат соодветни пријави.
Мицкоски тогаш призна дека седел во кафеаната и рече дека не бил доволно запознаен со новите протоколи.