Иако во повеќе наврати тврдеше дека решението е прашање на денови или недели, Трамп и понатаму останува оптимист. Последната таква изјава ја даде вчера, кога најави целосна победа во наредните две недели и оцени дека Иран е подготвен да направи значајни отстапки
Првите вакви прогнози датираат од 23 март, помалку од еден месец по почетокот на конфликтот. Тогаш Трамп изјави дека речиси сите клучни точки од договорот се усогласени, иако иранските власти во тоа време негираа дека воопшто се водат преговори
Сепак, и покрај бројните најави и оптимистички прогнози од американскиот претседател, договор меѓу САД и Иран сѐ уште не е постигнат
Американскиот претседател Доналд Трамп од крајот на март досега најмалку 37 пати изјави дека договор меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран е на повидок или дека Техеран е подготвен да го прифати, но и покрај ваквите најави, конкретен договор сѐ уште не е постигнат, покажува анализа на Си-ен-ен.

Иако во повеќе наврати тврдеше дека решението е прашање на денови или недели, Трамп и понатаму останува оптимист. Последната таква изјава ја даде вчера, кога најави целосна победа во наредните две недели и оцени дека Иран е подготвен да направи значајни отстапки.
Првите вакви прогнози датираат од 23 март, помалку од еден месец по почетокот на конфликтот. Тогаш Трамп изјави дека речиси сите клучни точки од договорот се усогласени, иако иранските власти во тоа време негираа дека воопшто се водат преговори.
Во деновите што следуваа, американскиот претседател повеќепати тврдеше дека Иран очајно сака договор, дека моли за договор и дека преговорите се движат во позитивна насока.
Конкретно, на 26 март, на состанок на кабинетот, тој рече дека Иран моли за да склучи договор.
На 29 март дури и предвиде дека договор може да биде постигнат веќе следната недела.
На почетокот на април, Трамп стана уште поконкретен. На 6 април изјави дека двете страни се многу блиску до договор, а следниот ден објави привремено примирје кое, според него, треба да овозможи финализирање на договорот во рок од две недели.
„Ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека многу сакаат да постигнат договор“,
кажа Трамп.
Во интервју за Фокс бизнис на 15 април, Трамп рече дека процесот е многу блиску до крајот, додека во следните денови уверуваше дека Иран се согласил со речиси сите услови. На 17 април, во неколку одделни настапи, изјави дека договор може да биде постигнат во следните ден или два, нагласувајќи дека нема значајни несогласувања меѓу страните.
Трамп е оптимист за можен договор со Иран: Многу сме блиску до решение
Сепак, и покрај овие прогнози, договор не беше постигнат. Кон крајот на април и во текот на мај, Трамп продолжи со слични пораки, тврдејќи дека Иран е силно заинтересиран за договор и дека преговорите се во завршна фаза.
На 18 мај, тој изјави дека привремено ги одложил воените операции поради проценките дека страните се блиску до решение. Притоа призна дека и претходно имало периоди кога се чинело дека договорот е на дофат, но тие очекувања не се оствариле.
„Имавме периоди кога мислевме дека сме блиску до склучување договор, но не успеавме. Но, ова е малку поинакво. Ќе ја завршиме таа војна многу брзо“,
рече Трамп на 19 мај на пикник во Конгресот.
И покрај тоа, Трамп остана уверен дека конфликтот ќе заврши наскоро. Во серија изјави дадени кон крајот на мај, тој тврдеше дека договорот е речиси целосно испреговаран и дека се чека само конечна потврда.
На 28 мај повторно порача дека САД и Иран се многу блиску до конечен договор, но предупреди дека актуелните тензии меѓу Иран и Израел би можеле да го загрозат процесот.
„Многу сме блиску до конечен договор со Иран. Ќе биде добар договор. Не сакам да експлодира поради она што се случува сега“,
рече тој за „Аксиос“.
Во последната изјава, дадена за време на телефонски митинг во поддршка на сенаторот Линдзи Греам, Трамп повторно изрази уверување дека договорот е близу, оценувајќи дека Иран е подготвен да прифати речиси сѐ што бара Вашингтон.
„Сега преговараме, тие сакаат да постигнат многу добар договор. Тие се подготвени да ни дадат сè“,
кажа Трамп.
И покрај бројните најави и оптимистички прогнози од американскиот претседател, договор меѓу САД и Иран сѐ уште не е постигнат.
Трамп: Ќе почекам до крајот на неделата, а потоа се можни нови напади врз Иран
На 8 јуни Трамп изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да има друг избор освен да го прифати секој договор што САД ќе го постигнат со Иран.
Трамп: Нетанјаху ќе мора да го прифати договорот што САД ќе го постигнат со Иран
