Со враќање во функцијана Заводот рехабилитација на слух и говор, центрите за обука, органите на управата, автошколите, тренинзите на отворено за индивидуални спортови, спортските обложувалници преку шалтерски систем и затворените молови без рестораните во нив, од утре во земјавата почнува првата од трите фази на олеснување на мерките кои беа воведени за спречување на појавата и ширењето на коронавирусот.
Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција соопшти дека враќањето во функција на некои стопански дејности ќе биде под строги правила, услови и критериуми за заштита и на вработените и за останатите граѓани.
Втората фаза би била транзициска и ќе вклучи отворање на угостителските објекти, но под строги мерки и протоколи кои нема да го доведат во ризик здравјето на граѓаните и третата фаза би била комплетно враќање на целиот процес на нормално живеење, односно начин на живеење кое ќе одговара на новата реалност и која ќе предвидува мерки на лична заштита, како маски и дезинфекција и физичко растојание.
Прва фаза: Конференции, состаноци, службени патувања без државен карантин
Во однос на одржувањето на состаноци, семинари и конференции, ќе мора да се применуваат посебни протоколи кои мора да ги почитуваат следните услови:
-состаноците, седниците, обуките, семинарите, конференциите и настаните ќе бидат со ограниченовреметраење од најмногу 6 часа, со задолжителни паузи на секои два часа;
-пред почетокот сите учесници треба да бидат известени дека доколку имаат какви било симптоми кои укажуваат на зараза, мора да го откажат настанот или да не присуствуваат;
– бројот на учесници ќе биде ограничен и сите ќе мора да носат опрема за лична заштита, да има физичко растојание од 2 метра и во просторијата да има средство за дезинфекција;
-просторијата почесто да се проветрува, особено за време на паузите и се забранува групирање, а по завршувањето, просторијата треба да се исчисти, да се дезинфицира подот со средство против вируси и да има канта за отпадоци со капак.
-органите на управата можат да одржуваат состаноци и конференции со најмногу 30 луѓе, во зависност од просторијата за да се обезбеди физичко растојание од 2 метра, да се носат заштитни маски и да има средство за дезинфекција;
-на избраните и именувани функционери ќе им се овозможат службени патувања со почитување на препораките од Комисијата за заразни болести, со носење опрема за лична заштита и при враќањето нема да биде задолжителен државен.
Од утре се отвораат затворените молови, но без рестораните во нив, и притоа ќе важат строги правила и протколи и мерките за превенција за појава и ширење на заразата;
-во рестораните и кафулињата нема да може да се служи храна, туку ќе може да се подигнуваат нарачки преку шалтер и достава;
-ќе има ограничено работно време од 10 до 18 часот, а во неделите моловите нема да работат;
-сите мерки за заштита предвидуваат задолжително регулирање од овластено лице на бројот на посетители, за да се спречи групирање по ходници и задолжително носење опрема за лична заштита и за купувачите и за вработените;
Со првата фаза се отвораат и спортските обложувалници преку шалтер.
„Уверен сум дека првата фаза ќе биде проследена со натамошно спуштање на заканата од коронавирусот за да може да се реализираат одложените парламентарни избори, за да може да ја имаме новата реалност, за да ја поддржиме и помогнеме нашата нова економија, која станува подинамична и побрза“,
рече премиерот Спасовски, и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките, сите и секогаш, бидејќи е во интерес на здравјето на сите.
*Поврзани вести
Спасовски: Следните денови ќе се анализира дали ќе се предложи продолжување на вонредната состојба
Спасовски: ДИК е должна да ги спроведе изборите во роковите, тие продолжуваат да течат по вонредната
Филипче: Во следните два месеци очекуваме најзначајно намалување на ширењето на вирусот
Ковид-19: Нови 10 случаи од 189 тестирани, 5 излечени пациенти и 1 починат
