Утре се очекува времето да биде стабилно, а во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, особено во претпладневните часови, кога се очекува и повремен локален дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температурура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
И во главниот град времето ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Утре се очекува времето да биде стабилно, а во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Од понеделник следува стабилизирање на времето.
