Вагонот располага со 11 купеа и 66 седишта, а може да достигне максимална брзина од 160 километри на час
Работниците на „Македонски железници – транспорт“ успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm, кој наскоро ќе биде ставен во сообраќај, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил.

Соопштувајќи ги деталите на сервисираниот вагон, Николоски вели дека тој има 11 купеа и капацитет од 66 седишта.
„Максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час. Најчеста дестинација ќе биде Велес и Гевгелија“,
пишува тој на Фејсбук.
Посочи дека продолжува работата за подобрување на капацитетите на македонските железници.
