Паркингот кај Музејот на современата уметност ќе биде обезбеден од 10 до 23 часот за потребите на свеченоста по повод празникот
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека утре, по повод одбележувањето на празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, ќе користи беспилотни летала за снимање од воздух.

„Активностите се однапред планирани и се дел од безбедносните мерки за одбележување на празникот. Апелираме за разбирање од страна на граѓаните, со цел непречено и безбедно спроведување на активностите“,
се вели во соопштението од полицијата.
Оттаму велат дека паркингот кај Музејот на современата уметност ќе биде обезбеден од 10 до 23 часот за потребите на свеченоста по повод празникот.
Се апелира до граѓаните навреме да ги отстранат возилата од просторот.
