Алабаковски осум дена помина во притвор (ефективен и домашен), по што беше пуштен на слобода, но со одземен пасош
Пејачот Ламбе Алабаковски денеска за првпат се огласи во јавноста откако беше приведен за палењето на влезот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Преку објава на социјалните мрежи тој се заблагодари за поддршката што ја добил.
„Народе мој ви благодарам за вашата искрена поткрепа! Ве љубам до длабочината на срцето и душата!“,
напиша Алабаковски во објавата.

Алабаковски како осомничен за пожарот од 4 јуни, беше приведен вечерта на 6 јуни. Веќе наредниот ден тој доби осумдневен притвор, но по неколку дена (на 9 јуни) беше пуштен во домашен. Откако му заврши осумдневниот притвор (прво ефективен, потоа домашен) пејачот излезе на слобода, но му беше одредена мерка на претпазливост – одземање на пасошот.
